Приказна од нашето маало

Day 2,696, 08:45 Published in North Macedonia North Macedonia by vlado77

Драги мои сонародници,
Би сакал да споделам со вас еден позитивен пример од нашето маало.
И воедно да укажам на една ситуација што е веке нормална кај нас, но сепак многу погрешна.
Примерот е во стилот на "сложни барака кука градат" и слично, само практично применет.
Би се осврнал на еден момент каде многу грешиме, а тоа е, за да му помогнеме на некој наш треба и да ни се допага по некаков основ.Најчесто треба да сме во иста некаква група со некого На пример,или тоа да е од ист град односно село, или да е блиска возраст, или да е од иста партија, или да искача во иста кафана-кафич, да слуша иста музика, да е од иста навивачка група и многу други поделби по некаков основ.Според мене, за да му помогнам на некој, доволно е да е наш Македонец и ништо повеќе,тоа е доволен мотив па дури и доволно е да е човек, мада тоа веќе премногу космополитско за овие простори, не се сите "луѓе" на овие простори.
Е да се навратам на примерот,
Во моето маало 5-6 фамилијии секогаш се држевме мегу себе во однос на неков проблем, најчесто ако му искочи на некој некавва поголема фичка работа.На пример градење на куќа, или му стигнале дрва за растовар,цепење и слично. Значи буквално сите во ист момент искачаме и помагаме.Некако со тек на време стана правило,работата или проблемот на еден комшија е работа или проблем на сите нас.
Е сега како дојде до тоа,веднаш ке ви кажам дека не беше затоа што нешто многу се секавме, дури напротив, секогаш имаше по некои да се раскарани или во заладени односи (класика).Но едноставно се увиде со тек на време дека користа или бенефитот од таквиот начин на функционирање е добар за сите.
На пример ти стигаат цигли, една фамилија сама ке ги разнесува цел ден и повеке а башка ке ти отиде кичмата.А овака кога ке урипаат 10+ луге работата се завршува за неколку саати и сите на крај се срекни. Банален пример ама функционален.
Од друга страна како лош пример, во истото маало живеат Роми или ѓупци кои не само што не си помогаа, не го дури си викаа градежни инспектори кои им рушеа се што претходно изградиле.
Така да поентата е јасна, односно кога некој има некаков проблем сите треба да заборават на сите поделби или лоши моменти, за доброто на сите.
Поздрав и ако ви се допага споделете.