Републиканска Акција - Реактивација

Day 1,798, 10:47 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney


Добро вечер еМакедонија.

Републиканската Партија повторно почнува со акцијата за поделба на храна на ебебињата, послабите играчи, цивилите.
линк од првичната акција

Секој Републиканец до 5000 сила секојдневно (вклучувајќи и ден179😎 ќе може да добие храна за 500 здравје со пополнување на формуларов.

Спонзори на акцијава се претседателот и раковоството на партијата, конгресмените на партијата и самите членови на партијата кои доброволно ќе донираат.


Секој кој ќе сака да донира храна или пари со цел спонзорирање на акцијава истото може да го стори така што ќе донира кај претседателот или кај некој од раководството на партија кои ги пишува на насловната страна од партијата и пожелно би било да пишат и порака на оној кај кого ќе донираат дека тие се наменети за акцијава за да не дојде до забуна и полесно да може да се евидентираат сите трансакции.

По потреба во моменти кога ќе има важни битки од страна на партија ќе се делат и q7 тенкови на сите Републиканци без разлика на сила, ранк или дивизија, а за тоа ќе бидете информирани преку шаут во партискиот дел и истите ќе се делат односно таа акција ќе се спроведува на партискиот чат канал.



Биди и ти Републиканец, биди и ти дел од единствената партија која е активна во политичкиот систем на државата без разлика дали во власт или во опозиција и не запира со своето дејствување за подобра и посилна еМакедонија.

о7