Откриена уште една тајна на Мона Лиза

Day 1,770, 07:36 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka
Ова не е прв пат да се расправа околу нејзината автентичност, а наскоро се планира да бидат откриени историски и интересни докази кои ќе докажат дали изложената Мона Лиза во Лувр е дупликат, додека онаа од Иселворт е всушност оригиналот и е малку поголема од онаа во Париз.

Ликовниците тврдат дека Леонардо Да Винчи ја насликал првата верзија на Мона Лиза пред десет години отокако ја насликал верзијата која е изложена во Лувр, Париз. Колекционерот Хаг Блејкер, Мона Лиза од Иселвурт ја открил пред првата светска војна кога сликата ја купил на саемот Сомерсет. Тогаш ја однел во своето студио во Ислеворт, по што и сликата го добила своето име.

Блејкер подоцна таа слика ја продал на американскиот колекционер Хенри Пулитзер, а тој пак ја поклонил на својата девојка. Оттогаш оваа слика сменила неколку споственици, а моментално се наоѓа во Швајцарија.