Бугарите...

Day 1,730, 04:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

После месец и пол решив да напишам статија.

Како што веќе знаете, Бугарите се селат во Јужна Америка, ама за малку ќе добиеја повратна карта за на Балканот. Тогаш нашите тенкови се распукаа и Бугарија ја победи Аргентина во Пандо. Повеќе за тоа во статијата на Војче
http://www.erepublik.com/en/article/from-macedonia-with-love-voix-1-2102021/1/20

Во меѓувреме, се раздвиживме ние револуционерите и после 3-4 промашени, а сигурни востанија, спас најдовме во Санта Круз. Јас го видов овој извик на еден пријател Бугарин кој беше повторуван многу пати

http://prntscr.com/dtlku

Успеав да го фатам востанието, помагајќи на Бугарите за Аргентинците сами да не кренат востание во регионот над Санта Круз каде што сега Бугарите напаѓаат. Ако се кренеше востание таму, Аргентина ќе изгубеше граница со Бугарите. Еве ја екипата шо го крена востанието

http://prntscr.com/drvp9

Како шо гледате, сите сме Македонци. Сега Бугарите што прават? Пукаат за Аргентина против Боливија дека го сакаат регионот за себе. Прв почна Флаусино, а сега сите пукаат за Аргентина.

http://prntscr.com/dtlsx

Мене ме иритира фактот што ако е неуспешно востанието, Македонија ќе загуби најмалку 50 златници од медалите и влогот, а клупата од 7 дена ќе е дополнителна загуба. А ако загуби, тоа ќе е заслуга на нашиот „верен“ пријател Бугарија која не знаеше (или не сакаше) да не информира за нејзините планови, баш напротив не иссили да креваме востание за да им помогнеме, а после да не зезнат. После ова, ако вистанието пропадне, ќе го гледате мојот аватар на страната на противниците на Бугарија. Така си дробеле, така нека сркаат.