Најглупи сме!

Day 1,646, 08:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Додека сме над 90% во секоја битка против Албанциве, некои наши сојузници имаат тесни војни (Словенија-Хрватска, Унгарија-Америка, Мексико-Колумбија). Нема да ги обвинам нашите играчи кои пукаат во Албанија, криви се тие кои поставуваат ДО Албанија, востание кое секако ќе го добиеме. Тоа „чекајте, чувајте се за вечер“ и слично не важи за добар дел од играчите кои се логираат еднаш или двапати на ден и пукаат само за ДО и работат по фирмите.
Од друга страна, пак, кога војуваме со Грција, ОНЕ ни се криви дека не ни помагале! Па јас да сум Словенец и да видам дека Македонија на секое востание во Албанија има над 90%, нема ни еднаш повеќе да пукнам за Македонија. Се додека не се освестиме дека сме лош и себичен сојузник, нема да добиваме доволно помош од ОНЕ, бидејќи нашите пријатели не пијат нафта.