Хуманитарна акција ПАРАХОДОТ

Day 1,641, 02:37 Published in North Macedonia Italy by Mlster X

Чест на исклучоците, но некои веројатно и ќе се пронајдат во текстот кој следи подолу.

Статијава ја започнувам со песна:
Пуштете си во позадина додека го читате текстот
🙂
Драги пријатели, другари, познаници, дами и господа!
Под итно мислам дека треба да организираме една хуманитарна акција за помош на нашите иселеници. Тешка и мачна судбина исто како во песнава. :/ Тежок е животот иселенички. 🙁
Јас се нудам да ја водам оваа хуманитана акција, значи донациите праќајте ми ги мене, а јас потоа ќе ги поделам на иселениците кои ќе се пријават дека им е потребна истата помош.

Зошто дојдов до идеа за спроведување на оваква хуманитарна акција?
Луѓето се иселени и далеку од дома, повеќето од нив не ги имаат земено нивните семејства па мора да се слушаат по телефон, да се гледаат на скајп и слично, а зошто? Па за преживеат драги мои.

Отидени се во туѓина, и таму имаат само 10/10 ресурси. Нели е тоа жално? Каде се далеку од роднините и пријателите, па и Плато наместо да даде 15/10 тој им дава само 10/10 ресурси.

Јадните мора да бараат редовни работници така наречени „потенцијални јабанџии“ за да им работат за цели 7 тенка (во превод 200 МКД) наместо да нудат работа на нивните матични, т.е. нови матични пазари од 300 долари. Ама мораме да ги разбереме луѓето, тежок е животот иселенички, мора да си ги закрпат финансиските дупки.

Втор голем проблем со кој се судруваат иселениците е пласирањето на производите. Не е лесно да се продаде, а и зошто да се продаде тенкот за 27 долари, кога може да се продаде на наш пазар по 28 МКД. Кај се нема 15/10 ресурси, каде јабана, каде за работници па уште и да се продава на новиот матичен пазар?



Ама без гајле! Да соберат едно 15-16 патриот медали за Америка, Кина... да направат по едно 2000-3000 голд, и да се навежбаат како Шиме (секоја чест на човекот) па и тие ќе се вратат и пукаат за Македонија и ќе дадат 100 доларе за Македонија, кога Македонија ќе има 10/10 ресурси.

Браќа и сестри. Горниов текст е пишуван со иронија. Но што фајда ако сите се иселиме? И мене често ме фаќа револт и нервоза па сакам да се одселам, но потоа се прашувам, е добро ќе земам друго државјанство и ќе правам повеќе танкови и леб... но нема да ја осеќам маката на оние кои остануваат овде. Дали ќе сочувствувам со нив кога ќе бидат избришани? Дали, дали, дали.

Не ми се оди надвор а да си ги оставам пријателите па макар и виртуелно.

Секој сака некое голдче плус, и јас сакам, не викам не, ќе вежбам па ќе бидам посилен. Повеќе ќе удрам за Македонија.

Мене не ми е интересно да играм игричка во која сум Македонец а да се правам Американец, Кинез... Не гледам смисла во истото.

Сите оние кои ќе се најдат во текстот погоре а ќе им направам нервоза и негативно чувство, им се извинувам. Сакам само да бидеме по сплотени, да сме ТУКА и ЗАЕДНО!

Срдечен поздрав Македонијо каде и да си, и побрзо да ни се вратите назад!
Ве поздравува вачиот брат acko11.

Дали би се радувале овие на фоткава подоле да не беа заедно? 😉



И уште еднаш ве молам не ми замерувајте! о7

И ќе ве замолам по еден суб и вот на весничето, т.е. статијава. Нека не ви биде тешко.