ВАЖНО!!! Каде да се инвестира

Day 1,630, 01:52 Published in North Macedonia Italy by Mlster X
Прочитајте го прво болдираниот текст доле па потоа вратете се на почетоков за да направите еден добар круг и добиете целина за работава. 😉

Бидејќи многу од играчите ми ги поставуваат прашањата, ШТО КАКО, ВО ШТО ДА ИНВЕСТИРАМ и слично а во моментов се пуштени попустите за кревање на левелот на фирмите и за тренинг центрите убрзав со изнесувавање на едно мое размислување, што и како да инвестирате. Се надевам статијава многу ќе им помогне посебно на новите играчи.

Поради попустов сигурно многу ќе се загреат за апгрејт на фирмите, но дали да се направи или не?
Оние кои се повеќе по економијата сигурно веќе го знаат одговорот, но ова е за оние кои помалку се занимаваат со ова поле, и за новите и помалку упатени играчи.

Зголемување на левелот на тренинг центрите ДА. И тоа до левел 3. Зависно како стоите со финансии, гледајте да го кренете првиот тренинг центар БЕСПЛАТНИОТ но и вториот тренинг центар од 0.19 голд.

Оваа инвестиција ви е најсигурна, и тука нема да изгубите, се друго во моментов е мачка во вреќа.

Ако ги кренете првиот и вториот тренинг центар силата ќе ви се зголемува секојденвно за 22.5 (не е земен во предвид секојдневниот бонус за редовност)

22.5 * 30 = 675 сила месечно и плус 54 сила за редовност, вкупно 729 сила вкупно месечно.

729 / 250 = 2.916 СС медали односно 14.58 прилив на голд кој не е чист прилив бидејќи нешто ќе потрошите за вториот тренинг центар
30 * 0.19 = 5.7 е месечната потрошувачка за голд.

Сумирано: ако ви се кренати првиот и вториот тренинг центар на КУ3 добивате 729 сила месечно (не заборавајте дека силата е најбитниот момент во играва) и сте плус од 8.88 голд на месечно ниво.

Да нагласам дека пресметкиве се правени за долгорочен периот, затоа што всушност неможете да фатите 2.916 СС медали. Се надевам се разбираме 🙂

Инвестициите во фирми за жал се се повеќе НЕИСПЛАТЛИВИ!!!

Статијава е постара http://www.erepublik.com/en/article/-1-2000405/1/20 но работите стојат исто, поточно полошо.

Еве една брза математика што ќе ја направиме за фирмите со помал левел, но работите стојат идентично.

Курсот на златото е 2130 во моментов.
Една КУ 1 фирма е 10 голд.
Ако произведувате леб (во моментов додека ја пишувам статијава правиме 120 лебчиња)
Во бројки тоа е 50.4 МКД
50.4 - 15.6 за РАВ вкупниот ќар е 34.8 МКД

Ако кренете 2 КУ4 РАВ фирми (штали си ги викам 🙂 ) ќе ве чинат 7.98 голд
2 * 210 = 420 РАВ парчиња
420 * 0.13 = 54 МКД ќар, значи ќе си го купите лебчето и ќе ви останат 19.2 МКД

Ајде да провериме како стојат работите со КУ2 фирма.
КУ2 фирма ќе ве чини 21.2 голд
Истата ќе ви произведе леб кој чини 102 МКД.
102 - 31.2 за РАВ материјал = 70.8 МКД вкупен ќар од КУ2 лебара

Со парите што би ги инвестирале во КУ2 лебара можете да направите 5 РАВ КУ4 фирми, и сепак да поминете поевтино затоа што истите ќе ве чинат 19,95 голд.

Што добивате?
5 * 210 = 1050 РАВ парчиња што кога би ги продале би зеле 136.5 МКД

136.5 - 70.8 = 65.7 МКД
Значи ќе го купите истиот леб и ќе бидете во плус 65.7 МКД

Нема да правам математика за сите фирми до КУ6 но работите горе доле стојат исто. Направете си ја математиката и ќе видите па потоа одлучете во што ќе инвестирате.

Моја препорака за развиена и силна еМакедонија:

1. Кренете ги тренинг центрите на највисок левел доколку тоа ви го овозможуваат финансиите т.е. заштедата.
Бесплатниот и вториот тренинг центар од 0.19 голд.
2. Кревајте РАВ КУ4 фирми и тоа 50 со 50% до 60 фирми, односно 30 КУ4 рав за леб, со 30 КУ4 за оружје.
Ќе ви оди по еден ФФ за работа на фирмите но тоа е. :/
3. Одкако ќе ги завршите првиве 2 горни точки, гледајте ако ви останува голд, ако можете да заштедите да го кренете и вежбате четвртиот тренинг центар од 1.79 голд.
4. Одкако ќе направите се погоре, дури тогаш собирајте голд и кревајте фабрики за готови производи, не дека тогаш стануваат по рентабилни, туку затоа што нема што друго да се прави.

Доста кои што прашуваа и ме послушаа сега се веќе успешни и со стабилна економија. Друг рецепт нема.
😉


Да изградиме заедно побрзо, по успешна и посилна е Македонија.

Уште една, односно две препораки.
1. Во моментиве додека траат попустите може да начекате евтино КУ1 фирма за оружје или леб.
2. Во склоп на единиците да се има по 1 КУ2 фирма за леб и 1 КУ2 за оружје.
Зошто? За помош на новите играчи. Истите фирми да кружат помеѓу новите војници за да можат да си го кренат здравјето на левел 5. Да немора да чекаат попуст за фирми кои и така се неисплатливи а побрзо да си го кренат здравјето на 5*. Единствената мана е тоа што фирмите неможат да се отуѓат побрзо од 15 дена. (Не ме земајте за збор, ама мислам дека беше толкаво ограничувањето)

Поздрав до сите, и не заборавајте да ставите по еден сув и вот на весничево за што повеќе да ја видат статијата.