Учество на Република Македонија во Авганистан.

Day 1,550, 11:59 Published in North Macedonia North Macedonia by ShaddyZ

УЧЕСТВО ВО МИСИЈАТА ИСАФ ВО АВГАНИСТАН

Република Македонија го започна своето учество во НАТО предводената операција ИСАФ во август 2002, со испраќањето на два офицери како дел на турскиот контингент. На 8-ми септември, денот на независноста на Република Македонија, македонското знаме беше за прв пат завиорено во Кабул. Во март 2003 година, Aрмијата на Република Македонија го зголеми својот продонес во ИСАФ мисијата со испраќање на едно одделение од составот на втората пешадиска бригада како дел од германскиот контингент. Како резултат на успешното извршување на мисијата и високите оценки добиени за учество во ИСАФ, од август 2004 па се до крајот на 2006, АРМ учествуваше со еден механизиран пешадиски вод од единицата Леопарди. Истовремено, во август 2005 во ИСАФ е упатен и медицински персонал како дел здружениот медицински тим во А3 формат (Македонија, Албанија, Хрватска), кој успешно извршуваше задачи на кабулскиот аеродром, најпрво во состав на грчката полска болница, а потоа во состав на чешката полска болница.

Засновано на оценките на Алијансата во делот на декларираните единици од АРМ, кои ги достигнаа бараните строги стандарди во делот на обука и оперативните процедури, а во линија со Концептот на опертативни способности (OCC), АРМ во јуни 2006 испрати и една механизирана пешадиски чета, дел на првата механизирана пешадиска бригада, во состав на британскиот контингент во ИСАФ. Покажаната доверба од Обединетото Кралство кон деведесетте „шкорпиони“ од првата пешадиска бригада, беше во целост оправдана.

Високите оценки од највисоките командни структури за работата на единицата како и научените лекции се само императив за продолжување на успешната мисија.
Во втората роација на четата за обезбедување на командата на ИСАФ, Република Македонија го зголеми присуството од деведесет на сто дваесет и седум учесници, а од јануари 2008 испрати и тројца штабни офицери во командата на ИСАФ во Кабул.

Како поддршка на напорите за самооддржливост на Авганистанската национална армија (АНА), започнувајќи од март 2008 година Република Македонија испрати два војника (еден офицер и еден подофицер) како дел на здружениот мултинационален Оперативно менторски и тим за врски (OMLT) во Мазар-е Шариф додека, започнувајќи од декември 2008, во соработка со Кралството Норвешка, македонски медицински персонал е вклучен преку еден хируршки тим во организациската структура на хируршка единица при норвешкиот Провинцискиот тим за реконструкција (PRT) во Мејамана, Авганистан.