КРАТКА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ!!!

Day 1,505, 10:33 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney

Дали јас сум тој или не сум тој што треба да биде претседател во тешкиот период што ни доаѓа? Се разбира дека треба да бидам јас ами кој друг!? 😛
Зошто? - Како прво не сум мулташ , не глумам фраер , шмекер, не сум ниту вип фаца ниту некој фрик.
- Како второ јас сум ПанзеР не сум арамија нема да ве потопам бидејќи јас “живеам”(доста често сум онлајн) и газам за еМакедонија!

Нема да пишува за мојата стратегија во наредниот период бидејќи сите знаеме што ќе биде и што не чека, можеме да се помолиме на Исуса и да се надеваме дека некако ќе спасиме гз.

Мојот тим:
Советници:
Струмјанин, Дон Тас, Хобан, Македонија до Индија, Т-рекс и многу други кои ќе сакаат да ми дадат совет, сите ќе бидат ислушани
Министерство за одбрана: ShadowStalkerr и неговиот тим
Министерство за надворешни работи: BlackMK и неговиот тим
Министерство за тролање по шаути т.е. за информирање: AntitalenaT
Mинистерство за економија: Сарметина, Лазароса и уште неколку експерти
Министерство за образование: Манданата
Министерство за здравство - незнам за што служело ова министерство досега ама ќе биде искористено за лечење на пациентите во играва и бидејќи ова министерство ќе имам најмногу работа барам многу, многу доброволци кои ќе имаат живци за оваа позиција

Можеби јас немам доволно искуство за да бидам претседател сепак имам исто толку колку што имаат и останатите кандидати за претседатели. Но го имам она што е потребно за да се биде претседател рж години, цел месец без никакви работни и факултетски обврски, зрелост, одговрност и др.
Незнам дали другите кандидати ги имаат овие критериуми бидејќи не ги познавам доволно за да коментирам.

Кандидатурава е напишана на несериозен начин бидејќи искрено ме нервираат статии за кандидатура за претседател ги пишуваат со програма подобра отколку во РЖ што ја имаат некои партии, а сепак ова е игра.

А и реално какви беа некои претседатели во минатото и да сакам нема да можам полош од нив да бидам. 😃

Искрено ваш


едит

еве ви е една многу стара статија што јас ја напишав кога беше првиот напад на татарите.. интересна е затоа што тогаш предавниците денес се најголемите патриоти, некои заборавиле, некои не ни играле тогаш па незнаат ама јас памтам поздрав

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1630308/1/20