ПРВ еРОДЕНДЕН - АВРАМОВСКИ

Day 1,489, 09:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski


Почитувани читатели!

еДен 1124 - 18 Декември 2010 - нов почеток
На овој ден пред точно 1 година, решив по вторпат да влезам на играва! Демотивиран од банот, бесен поради неправдата решив да не влагам, но инаетот си го прави своето! Јас повторно се појавив на 18ти Декември 2010 година или во 1124 ден од еРеп. време, а оттогаш досега се случија сите работи што ѓи посакував првиот пат влегов на играва или во 665 ден од еРеп. време!


HardWorker и SuperSoldier медалите ѓи добивав така да кажам по рандом, односно HardWorker за 30 дена и SuperSoldier со тогаш само прв бустер, за некој 40 - 42 дена.


еДен 1241 - прва статија
еДен 1276 - прв Media Mogul медал

Следно што сакав да направам е да развијам свој весник па така конечно после 117 дена како играв, на еРеп ден 1241 ја објавив мојата прва статија која едвај доби 81 глас а јас напишав 35 статии оттогаш, и благодарение на Вас го добив својот прв Media Mogul медал само 35 дена подоцна. Додека вториот го добив пред месец ипол или така нешто 😃


еДен 1257 - Пријавување во воената единица Demons
Во меѓувреме се пријавив во единицата Demons каде влегов со само 800 сила. Единица која беше формирана 2-3 недели претходно. Можеби и немаше да бидам нивни член доколку некој претходно одговореше на моите пораки за влез во Лавови, како и да е никогаш не се пожалив од Demons. Таму запознав одлични луѓе со кои веќе и лично се знаеме. Тоа се највредните работи во овие 365 дена, нови познанства и пријателства, нема да двојам никого, поздрав до сите демони!!!


еДен 1379 - прв Battle Hero и Campaign Hero медал
Потпомогнат од нивна страна на ден 1379 успеав да го освојам мојот прв Battle Hero медал со 419464 инфлуенс, а подоцна во истата кампања и да го освојам воедно и мојот прв Campaign Hero медал. Повеќе тука, каде можете да го видите и видеото
+ до ден денес освоив уште 4 BH медали и уште два CH медали.




Имено, како член на Demons со нив имав учествувано во многу акции заедно. Овде можете да видите повеќе каде има 4 видеа од Demons како заедно организирано удираме.

топ 5 дури 4 демони


еДен 1401 - отварање на толку посакуваната тенкара
После неколку пратени пораки со помош на тогашниот попуст, и бонус голд, со позајмување од лево десно успеав и јас да си креирам своја тенкара.


еДен 1410 - Номинација за најдобра статија на месец Септември
еДен 1412 - Добитник на Првата Пулицерова Награда во еМакедонија
Благодарение на el1temkd новинарството во еМакедонија се разбуди! Беа доделувани награди за најдобрите весници и слики објавени во весник! Нешто повеќе околу тој месец овде > номинации и резултати!
Ова е одлична идеа и подржете го el1temkd во неговата намера, така што на секој успешен новинар, макар и да е почетник му се овозможува можноста да добие голем награден паричен фонд.


еДен 1460 - Моето прво ласкаво интервју
По очигледно добрите статии кои ги имав испишано, добив надимак "статистичарот" како што вев и претставен во реномираниот весник на vardaregejpirinmakedonija - STO IMA NOVO
За интервјуто повеќе можете да погледнете тука.


еДен 1475 - Победа на Претседателските избори



На еДен 1475 или после речиси година јас постанав она за кое што мислев дека НИКОГАШ нема да успеам да го освојам, довербата на еНародот!!! За тоа можам само да кажам Ви благодарам! И сакам да повторам дека оваа влада го дава својот максимум а со Вас обединети нема да ни има рамен! Што би рекол нашиот ценет Voix ни се може!

еДен 1480 - Моето второ интервју, овојпат за бугарски весник

Нема нешто посебно да се каже за ова интервју, чисто доколку сакате да знаете нешто повеќе за мене можете да прочитате тука.


Тоа е во кратки црти што успеав да освојам во оваа 1 година, како играч за еМакедонија! Во овие 365 дена како играм и виртуелно комуницирав со многу успеав и учествував на сигурно 3-4 од макс 6 собири што ги имавме! И посакувам што почесто да се дружиме!

А сега како за крај сакам да објавам неколку слики кои решив да ги овековечам 🙂 а оставам на Вас да ги коментирате

коментари за бугарското интервју


јас ти и тој, толку сме xD


кога првпат бев ограбен 🙂) ... и последен!


шаут и коментари кои ме насмеаа до солзи 😃


Во овие 365 дена го направив тоа што не успеав изминативе 15 години, го утепав својот прв комшија! xD xD



А сега можете слободно да почнете со донации xD

Нека ми е Среќен еРоденденот !



Ваш и искрен,
Душко Аврамовски



пс. МАРТО ТЕ ПОМИНАВ СО СИЛА! XD иако сум 1 година после тебе!!! xD
И кој сака вечер нека помине во кафе CIAO на дружба 🙂 ова секако дека важи и за жените! 😃