КАНДИДАТУРА ЗА КОНГРЕС

Day 1,430, 04:32 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney

Дојде време и јас да објавам вакво нешто 🙂 На некој начин принуден гледајќи што се влегува во конгрес и што се случува таму, треба да се доведе ред и таму, а редовност, разумност и државни цели пред свои лични хирови се мои особини како во РЖ така и тука на ереп.
Одлучив по повод мојот ероденден на следните конгресменски избори да се кандидирам бидејќи после година дена играње сметам дека имам доволно познавање од играва и доволно разум и созреаност за да бидам конгресмен.

Кратка ебиографија и сеќавање на старите добри времиња :
Почнав да играм на 18октомври 2010 откако видов на Сител објавата и веднаш се регистрирав. Се регистрирав како DzUMi26 бидејќи мојот прекар DzUMi ми викаше дека бил зафатен. Се логирам и глеам нешто познато ми изгледа играва и ми текна ај на search да видам кој се потпишал така на играва и глеам еден во еСрбија и мене текна од кај ми е позната играва. Претходно се имам регистрирано како DzUMi и сум заборавил, а тогаш ја немаше еМакедонија па во еСрбија се регистрирав, играв кратко време не ми фати око играта што се вика па престанав. И ај пробај овој мејл пробај оној пасворд и оп се пуштив и ај шо ќе си играм сеа со двата профила зш да не. (отпосле дознав дека забрането било тоа и дека се викало мулти)

Почетнички кикс- почнав да играм и ај да се префрлам во еМакедонија идам на маркет и гледам карти за автобус, воз, авион, и викам еве овие се за селење и кое ај за најбрзо да се преселам ќе земам Q5 карта 😃 а беа ептен скапи.. викам скапо нескапо ќе собирам пари од плата побрзо да се преселам.. после коа дознав дека можело со Q1 карта се изнасмеав

Дознав дека има форум за играва eMacedonia и цело време дремев таму ретко се пуштав на чатот, дури и мислам дека подобар беше форумот имаше туториали за почетници, совети од постарите играчи, министерствата си имаа посебни страни, па имаше и дел за тепање досада со каладонт, кој последен добива голд 😛 и други некои такви занимации.

Ме банираа за мулти (заслужено) и ај што нов профил се разбира и се регистрирав овој пат како DzUMi Dzumerkovski. Овој пат без мултиња, без глупости, играм според правила, растам, се ојачувам, почнувам редовно да мавам во битки, и тогаш беа популарни паравоените отколку воените единици и тогаш SS (Silver Shields) партали правеа сите сакаа таму да влезат дури имаше едни членови, други регрути , подрегрути и листа на чекање за други.. и сите работеа за минималец, којзнае колку голд SS направија тогаш 😃

Брат ми тогаш беше влезен во ПанзеР и коа ми кажа дека колку се добива од едница другите единици изгледаше ко да ги молзат нивните членови, тогаш во ПанзеР се добиваа тенкови, храна и членовите дури добиваа бустери за тренирање и работа(тогаш можеше и да се работи со бустери за повеќе да се произведува). И аплицирав влегов ко регурт, почна редовно мавање и дружење со колегите панзери, препукувањата со жутокљунците и јуни па репорти па глупости и после пак Бан.. O.o шљок

Баниран за мултиња(а м од мулти немав) праќање тикети молење на админи, џабе.. баш тие денови Платон имаше ставено по 500здравје да може да се троши и викам дај да искористам ситуација дур да ме одбанираат.. и го правам сегашниов профил BugsMoney позајмувам од колегите панзери мкд бидејќи до 15лвл неможеш ништо да правиш дури и голдот што го имаш неможеш во пари да го смениш ко птица во кафез си.. позајмувам мкд купувам храна и се тепам да кренам левел и за ден ипол фатив 15лвл, и сеа можам да играм (тогаш се исплатеше да се препродаваат тенкови од странство бидејќи беа многу евтини, а кај нас скапи) и ај да направам некој денар за почеток дур да соберам голд фирма да отворам и оп ме има во статија
Уште еден мулташ на нашиот пазар (стна роба од дучанчина и пиљари)
уште еднаш благодарност на Аминта за маркетингот на мојот нов профил 😉

Бев активен и во новинарството еден период кога имав повеќе слободно време, издавав статии околу нови промени за да ве информирам, правев акции за собирање на претплати не за мене туку за мои сограѓани емакедонци и сите ги земаа нивните ММ медали, поделив 21.200здравје и не сум сигурен ама мислам дека тоа е рекорд во еМакедонија за поделен леб од поединец без помош од никој и без донации од никој и други статии.

Имав многу слики на компјутерот од минатото кои планирав да ги искористам за статија да доловите делови од минатотo и преку слики ама со формат отидоа и тие.. Можам уште 5саати да пишувам за времето поминато на ерепублик во изминатава година ама ќе испадне премногу долго статијава така да ќе се вратам на сегашноста.

Така завчера по повод мојот ероденден сакав да фатам БХ и успеав! Со направени 803к инфлуенц го добив мојот прв БХ во Macedonia! (за разлика од некои што си бркаат БХ по странство)

Затоа решив и да се кандидирам во Southeastern Albania преку Republikanska Partija за да допринесам уште повеќе кон еМакедонија како што правев оваа цела година, без финти, измами, наместо во српски или странски паравоени да идам за да добивам повеќе тенкови јас седев во еМакедонија и во македонски паравоени(пардон паравоена само во ПанзеР) и цел мој инфлуенц што можев да го направам го правев за еМакедонија и сеуште ако можете да приметите кај мене на профил немам Мercenary Medal бидејќи сеуште пукам за еМакедонија! Така и на ден 1495 направив скоро 3.2м не за БХ, не за ЦХ туку за еМакедонија(иако со тој инфлуенц лесно можев на друго место да земам)


Гласајте за BugsMoney официјален кандидат на конгресменските избори преку Republikanska Partija, за некој што веќе долго време работи за целите на еМакедонија и кој без проблем цел месец ќе работи уште повеќе како конгресмен.

П.С. Кој ќе гласа за мене ќе добие базука! 😃