Предлог до Плато

Day 1,340, 01:05 Published in North Macedonia Serbia by Tatko_ti





Поздрав Македонијо! Како што знаете (или не) Плато ни воведе нови промени во играта кои се доста интригантни и масивни 😃. Покрај наоѓањето во нашиот Land еден куп запустени штали, теретани од времето на Тито и сл, сега во текот на борбите пронаоѓаме делчиња за да составиме некојаси базука. Изгледа Плато знаеше дека ако ни ја даде цела базука ќе треба да плати данок, затоа вака ни ја дава во делчиња за ние да си ја составиме и плус ќе си избегне данок!

Е сега, јас имам предлог до Плато! Значи, додека војуваме рандом ни излегуваат делчиња од базуката, тоа се: Stock, Barrel, Scope, M6A3 Rocket и Trigger Kit. Значи имаме вкупно 5 делови кои треба да ги пронајдеме за да ја составиме базуката и да добиеме некоја глупава награда. Некои велат дека ги пронашле сите делови за еден саат, а некои не можат дури во цел еден ден да најдат 3 делови. На пример јас вчера пронајдов 5 stock од кои 4 ми се за смена, 3 Barrel од кои 2 за смена, 5 Trigger Kit од кои 4 чкрапала ќе си ги чувам дома како чечкалици, а додека не пронајдов ниту еден M6A3 Rocket!

Плато не обрнал внимание на тоа што може и од овие делчиња да направи некаков ќар за него и пријателите. Имено, може слободно да воведе "Кванташки Пазар' или пак на англиски такозвани "Wholesale Market". Овој пазар ќе се наоѓа веднаш над Monetary Market, а под Job Market, така што ќе биде напишан со искривен фонт за да се истакне пред другите. Ќе биде претставен и со слика така што би изгледал вака:







Кога ќе кликнете на "Кванташки Пазар", веднаш ќе ви излезат разно разни понуди за разно разни делчиња од разно разни луѓе. Така, ќе можете да си го купите делчето што ви недостига за да си ја составите базуката, а исто така ќе ви биде пресметан и данок при купувањето! Така ем Плато побогат, ем ние нема нерви да кинеме додека бараме само едно делче, а во меѓувреме сме нашле 6 пати едно исто! Со воведувањето на Кванташкиот Пазар ќе се развие економската способност кај сите жители на еРеп и барем за еден ден ќе се почувствуваат како вредни трговци.


Како пракса за сите почетници во економскиот, т.е. Кванташки модул, еве ви една задача која ќе ви го олесни натамошното владеење со пазарните вредности: Колку литри млеко има капацитет во една обична млекара, а со колку литри млеко располага оваа девојка?








p.s. Не се срамете да одговорите во коментар 😛