ОДЈАВА [ ПРЕТСЕДАТЕЛ ]

Day 1,292, 08:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin


Започнав да играм на 25-ти Октомври, минатата година, заедно со Гугле.

Тогаш еМакедонија изгледаше помалку хаотично. Над 90% од популацијата помлада од еден месец. Лудило по весниците. Ни Влада, ни туторијали, ни бутур. И јас и Гугле, докажани борци со ветерници, си дадовме задача: ајде да ја оправаме еМакедонија! 🙂 Јас станав новинар, тој се посвети на еБизнис (кој супер му одеше, се додека не го притиснаа РЛ обврски). Едвај имав три статии напишано, и ете порака од Унитед, првиот претседател, ајде да се сторам Заменик Министер за информирање. Понудата ја прифатив, и така ми започна еПолитичката кариера...


Со Драш соработувавме во многу тешки времиња
. Како Премиер, секој ден по 10 пораки му праќав на Мрле1982, тогашниот српски претседател, да ни помагаат во војната со Бугарија. Се смилуваа, ни помогнаа, се ослободивме, па станав Претседател и го потпишав двомесечниот мир со Бугарија. Тие имаа интерес да се шират на Исток, а ние – да преживееме. Од тој ден па до денес, еМакедонија гледаме како нарасна и напредна до тој степен што ми е тешко да се сетам колку беше поразлично и потешко...


Ете ова беше еден мал вовед во мојата последна статија како Претседател на еМакедонија.


Поминавме заедно низ многу турбуленции, имавме и порази и победи, и забава и нервози ...


Не сакам да зборувам за резултатите : тие се пред очи на секој еГраѓанин. Но не сакам ниту да декларирам присвојување на тие резултати, ниту за миг. Не сакам ниту да почнам да ги набројувам сите повеќе или помалку заслужни за нашите успеси. Заслугата е како град на врв планина – не може да се сокрие и секоја добронамерен лесно ќе ја види.


Искрено, после 3 мандати, чувствувам замор. Не е лесно секојдневно да се решаваат конфликти, што внатрешни, што надворешни. Играва е премногу динамична и постојано се менува нешто крупно. Не е лесно да се биде во тек со сите тие промени и да се најде надобриот одговор на секоја од нив. Како и да е, ете пројде, и за среќа мислам дека не направив некоја катастрофална грешка.


За крај, повторно и повторно сакам да ја изразам мојата благодарност до сите кои ме подржуваа во изминативе месеци. Не може да постои успешен водач, без силна и општа поддршка. Токму таа поддршка направи еМакедонија да стане успешна приказна! Играјќи сложно, играјќи мудро – ние стасавме до денешната состојба. Верувам дека наскоро ќе станеме БРОЈ 1 еЗемја!


Ви благодарам на сите !
Одам на заслужен одмор ! 🙂


ПОЗДРАВ ДО НЕКОЕ ДРУГО ВРЕМЕ И МЕСТО....



Струмјанин