Ајде дедо кажи уште една ...

Day 1,200, 17:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Egeeec

Сакам да ви раскажам две приказни кој вечерва ги прочитав,поточно едната е приказна а другата е парадокс на начинот на нашиот живот и каде ние тоа идеме ...Се надевам не спамирам и нема да добијам репорт ,ова се само чисто поучни приказни за лека ноќ.

1.Некој стар човек бил сериозно болен и не му останале уште многу денови.Тој го викнал својот син единец на смртната постела и сакал да му даде ум за животот.Тој му подал две кутивчиња но му рекол едната кутија ке ја отвориш кога ке ти биде најдобро во животот а другата кога ке се чуствуваш најлошо во животот .... Старецот умрел ,по некое време синот западнал во тешка криза ,немал пари ,ја изгубил куќата ,му било најлошо .Тогаш решил да ја отвори едната кутија ,земал ја отворил а не неа пишувало ''Ова ќе помине''..
После долг период синот нашол работа ,собрал пари купил куќа работите му било тргнале и се чуствувал најубаво.Тогаш решил да го послуша пак татка си и да ја отвори и втората кутија ,земал ја отворил а во неа пишувало ''И ова ќе помине''

Поуката извадете си ја сами .

2.Парадоксот на нашите генерации и на нашето време е да имаме големи згради а кратки нерви.Широки патишта а крати видици.Трошиме повеке одколку што имаме.Купуваме повеке-уживаме помалку.Имаме повеќе дипломи а помалку разум.Повеќе стручњаци а уште повеке проблеми.Повеќе знаење во медицина а помалку здравје.
Научивме како да преживуваме а не како да живееме.Загосподаривме со надвошерниот простор ама не и со внатрешниот.
Направивме големи ама не и подобри работи.Го прочистивме воздухот но ја загадивме душата.Го разбивме атомот но не и нашите предрасуди.Планираме повеќе ама постигнуваме помалку.Научивме да се брзаме но не и да чекаме.Имаме поголема заработувачка ама и понизок морал.
Ова се времиња на брза храна споро варење,големи луѓе а мали карактери,многу време а малку уживање.Се повеќе има луксузни куќи но и поделени домови.Ова се денови на брзи патувања,оскудна облека и низок морал.

Секој нека се замисли.

Ако ви се допаднаа наградетеме со в+с .
ЛЕКА НОЌ