[МНФ] МНФ предлага државата да направи интервентен откуп на пченица од пазарот

Day 1,176, 13:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Поради новонастанатите промени во правилата на играта, овие два дена се сооуваме со страшни поместувања на пазарот..
Очигледна е намерата на админите да ја намалат цената и вредноста на валутите и да ја зголемат добивката на оние кои ќе се решат да купат злато за РЛ пари...

Но, како и да е, Владата на еМакедонија може и мора да проба да ги држи цените во некоја нормала која нема да предизвика поголеми крахови.

Цената на житото е клучна за балансирање на цените на сите останати прозиводи.
Ако цената на житото се држи на ниво кое е добро за економијата, тогаш и другите производи ќе бидат на приближно добра висина на својата цена.

Предлагаме државата да го одврзе ќесето ( и онака плаќаме височки даноци) и да почне масовно и сериозно да откупува жито од пазарот.
Така државата ќе се обезбеди со големи залихи на евтино жито, а цените и платите ќе останат на солидно ниво.

Втора мерка треба да е сите државни фирми да пуштат понуди за вработување на релативно повисоки цени од она што е сега актуелно. Во спротивно, за два дена висината на плата на Мастер ќе биде 10 МКД...

Дали е ова можно зависи од средствата кои ги имаме во буџетот. Но да потсетам дека плаќаме високи даноци, немаме војна во моментот и имавме проблеми со залихите на храна за време на војните...

Овој план треба да се спроведува ВЕДНАШ !!!

Ги молам сите надлежни да се произнесат, во спротивно ќе цениме дека недоволно активно ги следат промените..