[ МНФ ] Министерот за финансии е баниран??? Причини???

Day 1,176, 01:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

МНФ е партија која се залага за целосна транспарентност во постапувањето на државните функционери.
Одредени активности кои беа превземени во почетниот мандатен период на новата влада се за поздравување.
Но, за жал има и појава која или не е добра или не е доволно разјаснета.

За што станува збор?

Во новата Влада за министер за финансии беше назначен играчот GOOD BEER.
Но, според овој линк:
http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4207272
тој играч е Permanently banned или трајно баниран.

Бидејќи не станува збор за било кој играч, туку за новоназначен министер за финансии, МНФ бара јасна, прецизна и точна информација за тоа кои се причините за банирање на Министерот за финансии???
Треба да го знаеме ова за да имаме јасна слика кој ни бил поставен на оваа функција.

Не би сакале да даваме брзи коментари и ставови, но сепак оваа ситуација воопшто не е симпатична.