Известувања од соседите [Министерство за информирање]

Day 1,175, 13:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Почитувани еМакедонци, како дел од новите активности на Министерството за Информирање од денес ќе ви ги пренесуваме поважните актуелности од нашите соседни земји. А ќе започнеме со последниот извештај на сега веќе бившиот еСрпски претседател mrle1982, објавен вчера.



Почитувани граѓани.

Помина еден месец откако бев избран за претседател на еСрбија. Морам да признаам дека тоа за мене беше една голема чест и направив се за да ја "водам" државата најдобро што можам. За мојата работа, и работата на мојот тим кој го избрав може секој од вас да даде коментар, а јас сакам да ви го поднесам последниот извештај. Јас би почнал со ситуацијата на Народната банка на Србија. На почетокот на мандатот во сефот на државата имаше 500 злато, 50.000 динари и 26.585 динари во организациите. Наследен е долг од 2720 злато (секако не е направен цел во Декември) и околу 43.000 динари. Во првите неколку дена ми беше приоритет исплатувањето на долговите према воените единици.

Мислам дека треба да се знае состојбата на банката после секој мандат, кој и да бил претседател. Состојбата денеска е (2256 злато и 107.000 динари).
Посебно ме радува тоа што и покрај долговите и скапите операции во еАзија против еАмериканците успеавме да ја зголемиме количината на злато за 4 пати повеќе.
Најскапа операција во мојот мандат беше истерувањето на еАмериканците од еАзија и чинеше околу 1000 злато се вкупно. Таа битка не смееше да се изгуби, а трошоците се мали во споредба со тоа колку штета се направи. Ако се земе во обзир тоа дека Унгарија за одбрана на Централна Унгарија од Романија дала 4000 злато, ќе ви биде јасно дека се штедеше максимално.

Ибришана е еБосна, еЦрна Гора после окупацијата на еХрватска е вратена на картата на светот, на еМакедонија и помагавме колку и кога можевме. Мојата цел беше да стигнеме до еИталија и да ги освоиме нивните региони, но поради постојани војни на повеќе фронтови не беше реално да се заврши сето тоа во време на мојот мандат. Имавме избор дали да ги браниме нашите пријатели или да посегнеме кон освојување, одлучив да се бориме за опстанокот на младите сојузници и сигурен сум дека ја донесов вистинската одлука.

На еБразил му должевме 500 злато. 16.01 е вратено 100, а 23.01 400 злато. Како доказ ја прикажувам сликава http://i53.tinypic.com/213229.jpg

На еИндонезија и дожевме 600 злато. 100 злато е избришано затоа што и помагавме во борба. а 500 злато е вратено на 24.01. Доказ http://i56.tinypic.com/pay6w.jpg

Према играчот Дрцика се должеше 1000 злато и 13.000 динари. Динарите беа исплатени на средина на месецот, а на 25.01 цело злато. Доказ http://i53.tinypic.com/900d5j.jpg

Према играчот Зигор се должеше 450 злато. Вратено му е на 3 пати, а ова е доказот после последната исплата http://i51.tinypic.com/qzi14g.jpg

По договорот кој е направен пред да бидам јас претседател, на еАвстрија и исплатив 170 злато. Овде может да видите доказ дека е платено http://i54.tinypic.com/1jp30j.jpg

Во подобрување на финансиската ситуација најмногу придонесоа Министерството за економија на еСрбија и Валета. Валета во својот последен извештај ги приложи сите приходи и расходи, а чистиот профит за месец дена е 3184.5 злато.

Посебно сум задоволен што во текот на мандатот се покрена акција која е долго планирана а тоа е заедничкото помагање на цивилите. Министерството за здравство на Србија и МУП со заеднички сили даваа леб и оружје, мислам дека со оваа акција мора да се продолжи затоа што од нејзе и граѓаните и државата има корист. Работата на Министерството за информирање беше одличен, баш како што очекувавме. Министерството за образование немаше многу работа, сепак се што беше потребно беше обработено на високо ниво.

Дипломатските активности беа причината за моето големо задоволство, но и нервирње во претходните месец дена. Не сакам повторно да зборувам за тоа што се случуваше, сакам само да констатирам дека сум многу среќен што потпишавме нови сојузи и уште еднаш да повторам дека треба да бидеме свесни дека игратата се менува, сојузите се менуваат и дека тоа е многу нормално. Нашите цели ќе бидат најголеми како и секогаш. Сите граѓани мораат да знаат дека и јас како претседател и членовите на Министерството за надворешни работи сакаме правовремено да известуваме за акциите, ама на тој начин добар дел од плановите би се откриле.

Кратко објаснување - Македонија нас не предложи за природен непријател затоа што планот ни е да ја земеме Источна Македонија и така да ја завршиме борбата со Бугарија.

Мое мислење е дека во иднина покрај завршувањето на војната помеѓу Македонија и Бугарија од витална важност е да се следи развојот на Азија бидејќи Американците дефинитивно ќе сакаат да се вратат и да ја дефинираат алијансата.

Задоволен сум од сите тимови, многу часови потрошивме пред монитор, сакам да се заблагодарам на сите за нивната соработка и посветеност. Му честитам
на новиот Претседател и му посакувам многу среќа во работата и се надевам дека после неговиот мандат еСрбија ќе биде уште поголема и уште појака.

Благодарам.


Со почит Министерство за Информирање

(BraneMKD)