Цели на Министерството за Информирање [Министерство за Информирање]

Day 1,173, 11:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Како што сите знаеме денес, 5 февруари, се одржуваат претседателските избори.

Во Македонија има 2 кандидати:

1. Strumjanin - зголемување на популацијата за 10%, зголемување на БДП за 10% и контрола на 2 региони (Западна Македонија и Повардарие)
2. Mehandzijski - нема никакви цели

И очигледно е дека победникот е Струмјанин и тоа со убедлива победа со околу 95%. Како што е редот тој си формира своја влада. Во која јас, STEFANPIPO и DedaNoe, ја имаме честа да работмие во одделот за информирање, како заменик-министер и министер, соодветно

Најпрво сакав во името на двајцата да изјавам дека ќе ни биде чест, да ја извршуваме оваа функција и се надеваме дека ќе ги исполниме зацртаните цели и нема да ги разочараме граѓаните.

Но доста е бабини-деветини, туку да се фатиме за работа.

Најпрво, вчера вечерта, се одржа заседание на владата на нејзиниот чат канал. Каде што учествуваа сите министри, заменик-министри и секако претседателот, Струмјанин. На ова заседание се одлучуваше, кои се должностите на секое министерство и што треба да направи за овој едномесечен мандат.

Во овој дел беа наведени кои се задолженијата на секое министерство. Исто така да нпоменам дека во овој дел ќе бидат објавени само целите на ова министерство, затоа што прво на ред беше разгелдано Министерството за Информирање, а јас поради обврски во РЖ, морав порано да ја напуштам седницата.

Сите знаеме дека ова министерство беше “последно дупче на кавалчето“, и за него него се водеше најмалку грижа. Па затоа јас и DedaNoe, решивме да го промениме тоа и да можи ова министерство да се носи рамо до рамо со другите. Па да се надеваме дека ќе го исполниме ова, а и нашите зацртани цели.

Па еве ги целите на Министерството за Информирање, кои ќе се состојат во објавување статии, како што кажува и неговото име:


1. Топ 10 статии на неделата

Со ова сакаме да им дадеме поттик на сопствениците на весници, да пишуваат квалитетни статии, па така најдобрите 10, според мое и мислење на министерот, ќе бидат објавување во статии еднаш неделно. Со ова квалитетните статии би добиваме така речено, еден своевиден шаут.

Овие статии ќе се објавуваат на крајот на неделата или на почетокот на другата, односно во недела или во понеделник.


2. Јавна дебата

Првичната идеја беше ова да го прави Струмјанин во својот весник, како шт обеше наведено во неговата кандидатура. Но ние разговаравме и се одлучивме тоа да се прави преку весникотна ова министерство, затоа што тој претставува гласник на претседателот

Денот на објавување ќе биде дополнително одреден, но најверојатно е да биде петок.


3. Прашања и одговори за претседателот

Во овај дел претседателот, Струмјанин ќе одговара на прашањата, кои се поставувани до него. Вие замолуваме, прашањата да не му ги праќате лично него, туку во ПП на Министерството за Информирање

Овие статии нема да се објавуваат редовно, затоа што тоа зависи од бројот на прашања, кои се поставени до него.


4. Претседателски обраќања

Бидејќи овај весник е гласник на претседателот, тој ќе може да го искажува своето мислење за одредни ситуација преку него. Исто така ќе може да им се обраќа на граѓаните и да дава извештај за сработеното

Како и во претходниот дел, оваа нема да излегува редовно, поради тоа што зависи од желбата на претседателот, кога ќе сека да го прави тоа.


5. Анкети

Исто така анкетите, кои се во интерес на државата и преку кои сака да го види мислењето на граѓаните, ќе се извршуваат преку ова министерство.

И овој дел, нема да излегува регуларно, затоа, што тоа ќе се прави по потреба.




Покрај овие 5 цели, исто така ќе бидат и објавувани и итни соопштувања кон граѓаните, за одредена ситуација. Ова може, но и немора да се случи.

Па ова е целосниот план на Министерството за Информации, за должности, кои ќе треба да ги извршува во овој мандат.


Па нека ни е со среќа.

Со почит, Министерство за Информирање



Претседател: Strumjanin
Министер: DedaNoe
Заменик: STEFANPIPO



Други Државни институции:

Народна Банка на Македонија
Министерство за Економија
Министерство за Образование
Министерство за Одбрана
Македонски црвен крст