[ МНФ ] МНФ е повторно формирана !!! Приклучете се !!!

Day 1,169, 16:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани,
МНФ е партија на слободоумните Македонци.
МНФ е најбрзо растечка партија во еМакедонија.

МНФ е партија која стреми да биде сериозен играч на македонската политчка сцена.
Намерата на Македонскиот Национален Фронт е да овозможи простор за искажување на повеќе слободоумни, креативни и енергични играчи.

Очигледно е дека граѓаните на еМакедонија почнаа да препознаваат дека оваа партија, МНФ, има висок потенцијал да се развива и расте.
МНФ е партија која од само 50 члена, за неколку дена дојде до бројка од над 200 члена.
Тоа е резултат на сериозниот пристап, програмата, пријателството и посветеноста на членовите на МНФ.

Добро сте информирани дека после заземањето на еМакедонија од страна на еБугарија сите наши партии останаа во еБугарија.
Ние бевме приморани одново да ја формираме МНФ и од ново да и дадеме шанса да заживее.

Сите кои сакаат повторно или пак за прв пат да се зачленат во МНФ, тоа можат да го сторат на овој линк: http://www.erepublik.com/en/party/makedonski-nacionalen-front-3562/1

МНФ веќе објави делови од својата програма:
1. Првиот дел на овој линк: http://www.erepublik.com/en/article/-i-1-1642816/1/20
2. Вториот дел на овој линк: http://www.erepublik.com/en/article/-ii-1-1646803/1/20

За сите оние кои се заинтересирани да го имаат аватарот на партијата, тоа можат да го сторат од овој линк: http://mkdcom.com/MNF.jpg

Не чекајте, придружете се....
МНФ ќе биде сериозна партија.
МНФ ќе биде здрава алтернатива за еМакедонија.


Да живее МНФ !!!
Да живее еМакедонија !!!


П.С. Огромна благодарност до сите кои помогнаа финансиски да се оформи оваа партија.