Жал ми е.. Но, ова е смешно.. Срамота за ОеМ

Day 1,131, 16:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Денеска ги набљудувам изборите од страна..
Не се ангажирав да влезам во конгресот со ниту една активност.
Си реков, ајде повеќе луѓе нека пробаат и нека видат како е.

Но, она што го гледам е за секаква осуда..
Ова нема никаква здрава логика... Случувањата во еМакедонија стануваат лоши.

Со овој текст би сакал уште еднаш да ги предупредам ЏОМБИТЕ дека во еМакедонија ќе се случи голем раскол, само и само, поради нивната желба да не дозволат сите играчи да можат на било кој начин да учествуваат во играва...

Јас разбирам дека ОеМ е најголема партија. Разбирам дека е и моќна. Разбирам дека сите функционери кои располагаат со државни фондови се од таа партија. Разбирам и дека весниците кои ги имаат некои од најистакнатите играчи се најчитаните во еМакедонија.

Но, ова денес е премногу.
Да се дава совети, луѓето да гласаат за најдолните кандидати, без и да ги знаат или да чуле што тие размислуваат е врв. Можеби и врска немаат од ништо, важно е што се на листа на ОеМ.
Е тоа е комунизмот !!!

Дајте бе нека гласаат луѓево како што е ред.. Нека гласаат и за партија и за човек... Како што е поставена играва, а не според личните правила на неколку луѓе кои и онака располагаат со државните фондови и ги нема на листите за конгресмени..

Значи.. Тоа што има демократија внатре во ОеМ, не значи дека има демократија во еМакедонија.
Јас сакам демократија !!!
Јас сакам да гласам за луѓе што ќе знам дека знаат да ја водат државата !!!
Јас не сакам да гласам по директива !!!
Јас сакам да гласам за програми !!!
Јас сакам да успееме да ги избереме најдобрите, па макар биле од било која партија !!!

Бев конгресмен во минатиот состав и видов дека од сите конгресмени, само неколку беа активни и само неколку размислуваа со совоја глава.. За жал
За сите други размислуваа луѓе кои не се конгресмени, а ги имаат на располагање сите државни фондови.. Жално е...

Затоа..

Ве повикувам, да не дозволите да се зголемува незадоволството!!!

Ова, денес се првите зародиши и знаци на незадоволство !!!

Ако можам да помогнам, стојам на располагање, но ве молам, за доброто на еМакедонија, размислете што правите.

ОеМ е најголема партија и затоа е најодговорна.. Одговорна е и дали другите ќе се составен дела од желбата за силна еМакедонија или тие самите ќе изградат свој независне концепт за еМакедонија.. Така ќе се разделиме, а тоа не е добро..