Сојуз, пријателство, минато, иднина...

Day 1,087, 16:09 Published in North Macedonia Japan by Macedonian_Lion

Првин да му честитам Медиа Могул Медал на demigod_mk и да му се множат медалите.

Да пројдеме на темата а тоа е тензијата помеѓу нас ,Македонија, и Бугарија. Според мене тоа е една непотребна тензија која се нанесува во играва првенствено од вистинскиот живот. Но затоа ова е виртуелен живот во кој најважни ти се пријателите и ресурсите ако имаш пријатели ќе можеш да ги задржиш твоите ресурси па дури да освоиш и нови региони со други ресурси од друга страна ако се изолираш и несакаш пријателства по цена на тоа да си лечиш фрустрации тогаш играва не е за тебе затоа повелете додека е време. Ги замолувам и нашите пријатели од Бугарија да не спамираат по македонскиот медиумски простор како што ние не спамираме по нивниот. Благодарам.

Од друга страна се јавива Русите со многу мудар, дипломатски и реален одговор по ова прашање. Имено сегашниот претседател Mogaba во својата неодамнешна статија напиша дека сака да ги види Македонија и Бугарија рамо до рамо како се борат против заедничкиот непријател ЕДЕН и како две сили заедно со останатите држави од ФЕНИКС да ги поразиме и да ги ослободиме сите окупирани региони на државите од ФЕНИКС првенствено Русија која има многу големи ресурси во оригиналните региони и да ги распарчиме тие непријателски земји. Друга статија напишана од поранешен Руски претседател Sasha237 објавена денеска во Македонија, Бугарија и Русија во која тој го потенцира минатото во кое Македонците и Бугарите заедно се бореа на иста страна односно на страната ФЕНИКС и тоа без никаков проблем.

Прашењето е дали ние како Македонци и Бугарите можеме да си подадеме рака како сојузници и заедно да започнеме оваа голгота која ни претстои или попрво ќе се изедеме меѓу себе и ќе станеме лешеви за мршојадците околу нас.
Со оглед на тоа што верувам дека во Бугарија а и во Македонија има луѓе кои што размислуваат со ладна глава и трипати мерат пред да исечет верувам дека можеме да поминеме низ таа голгота од која можеме да искочиме посилни и појаки од било кога.

За крај цитат на snezok од тука
Руски: Даешь Македонскую Фалангу омывающую сапоги в Эгейском море и Болгарский флаг над Бухарестом!
Македонски: Дајте и на Македонска Фаланга перење чизми во Егејското Море и Бугарско знаме во Букурешт!

Благодарам на одвоеното време 🙂