КОЈ НИ Е КРИВ ЗА КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ???

Day 1,071, 04:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Како што предвидовме во текстот вчера, на изборите во еМакедонија Обединета еМакедонија победи, но ВМРО (бугарската партија) освои 4 мандати во македонскиот Конгрес.

Текстот вчера и неколку текстови претходно, издадени од страна на нашиот ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА предизвикаа големо внимание кај соиграчите. Многу негодуваа, дел и јавно коментираа дека нема потреба од критична опсервација на состојбите во еМакедонија. Но ние и понатаму ќе се трудиме на време да укажеме. За да не се занесеме.

Би сакал да потенцирам дека на никого не му е мило што бугарската партија освои 73 гласа, исто како што и на никому не му е мило што не успеавме да го зачуваме единството на првите избори. Но сега треба да се соочиме со тоа и да видиме како ќе настапуваме во иднина.

Пред да го направиме тоа мораме да ги утврдиме причините заради кои настана целата збрка со гласањето.
По мое видување може да постојат повеќе причини, за кои не можам да бидам сигурен дека се реални, но можам да бидам сигурен дека тука некаде треба да ја бараме вистината.
Кои се причините:
- прво, многу наши играчи не го разбираат значењето на изборите
- второ, многу играчи не беа ниту заинтересирани за изборите
- трето, медиумите, бар повеќето, во еМакедонија се занимаваат со вицови и со занимливости, наместо со сериозни теми како оваа
- четврто, целата кампања се сведе на желба за единство
- пето, скоро и да немаше платформа и програма
- шесто, никој не зборуваше за даноците, за правото за основање фирма, за трговските блокади, за склучување на мир и војна, за алијансите, за фирмите, за плановите
- седмо, можно е дел од членовите на Обединета еМакедонија да немаат право на глас
- осмо, можно е и дел од гласовите на бугарската партија да се единствено поради името ВМРО, за кое дел од нашите играчи секако имаат емотивна и политичка поврзаност
- девето, можно е да има силна инсталација на бугарски играчи во еМакедонија, за што се сомневам
- десето, можно е во игра да биле и други начини на убедување и кампања
- единаесето, немање на натпревар, значи и немање на заинтересираност.

Во овие набројани точки треба да се бараат причините за резултатот кој е помалку горчлив за сите нас.
Како и да е, очигледно е дека треба добро да се размисли како понатаму.

Ние, нашиот и ваш ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА ќе е стално овде со вас за да ви понуди критичен осврт кон случувањата.
Ќе зборуваме гласно и искрено, заради доброто на еМакедонија.

Вие треба само да гласате за текстовите наши и да се претплатите на нашиот и ваш ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА..