Сегашниот момент

Day 5,100, 08:36 Published in Nigeria Nigeria by Tasha the Queen
😍 Сегашниот момент 😍

Денот уште не ни започнал, а веќе е 6 попладне.
Седмицата штотуку започна, а веќе е петок ...
И цел месец помина,
И годината е веќе при крај... И поминале 40,50,60 години од нашиот живот...
И стануваме свесни дека сме ги изгубиле родителите, пријателите...
И јасно ни е дека повеќе нема назад.
Па тогаш...
Да пробаме барем максимално да го искористиме преостанатото време.
Не треба да се двоуми е за да пронајдеме занимации кои ни се допаѓаат.
Да додадеме боја во нашето сивило.
Да се насмевнеме на оние животни ситници кои се мелем за нашата душа.
На крај, да продолжиме да уживаме во времето кое ни преостанува...
Да се обидеме да го исклучиме она "ПОСЛЕ"...
Ќе го направам тоа ПОСЛЕ....
Ќе го кажам тоа ПОСЛЕ...
Ќе размислам за тоа ПОСЛЕ...
Ние СЕ оставаме за ПОСЛЕ, како да тоа "ПОСЛЕ" е наше...
А не сфаќаме дека:
ПОСЛЕ, кафето е оладено...
ПОСЛЕ, приоритетите се менуваат...
ПОСЛЕ, годината завршува...
ПОСЛЕ, здравјето ни се влошува...
ПОСЛЕ,децата ни пораснале...
ПОСЛЕ, родителите ни остареле...
ПОСЛЕ,ветувањата се забораваат..
ПОСЛЕ, денот станува ноќ...
ПОСЛЕ, на животот му доаѓа крај...
И ПОСЛЕ, најчесто е предоцна за се...
Така да...
не оставајте ништо за ПОСЛЕ,
бидејќи исчекувајќи го тоа ПОСЛЕ,
можеме да ги изгубиме најдобрите моменти,
можеме да изгубиме пријател,
можеме да ја изгубиме нашата вистинска љубов, и личноста која сме ја сакале,
И тогаш сето тоа веќе неможе да се врати,
Без оглед на нашето жалење за тоа...
Најдоброто искуство,
Најдобрите пријатели,
Најдоброто семејство...

Да, Денес, е одличен ден....
Тој момент е СЕГА...