Македонец во 10 чекори:

Day 1,403, 04:42 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkAngelMKD

Постојат 10 работи кои македонецот го чинат македонец и го чинат посебен.
Тоа се навиките со кои македонецот оди сам против себе, спротивно на било која логика.
1. Инает (пркос). Го тера насекаде. Во домот, на работното место, во продавница, на улица, во љубовта, но сепак е најизразено во политиката.
2. Медиуми. Зло без кое не може ниту еден припадник на мојата нација. Толку многу ТВ и радио станици, дневни и неделни весници на толку мал простор нема никаде во светот.
3. Подделеност. Ја имаме у разни варијанти... верска, политичка, национална, меѓуетничка, спортска, територијална... Се делиме наместо да се множиме.
4.Фалбаџиство – чаламење. Во една прилика Артуро Граф рече: луѓето, кога немаат со што друго да се фалат, се чаламат со своите несреќи.
5. Пушење.
6. Политика. Македонецот ја прифаќа, ма каква била. Едноставно, го усреќува!
7. Пцуење. Да тибам критериумот али мора да го споменам.
8. Кафеана-кафиќ. Место каде македонецот ја потврдува својата посебност како народ применувајќи ги сите претходно наброени критериуми.
9. Лажење. Најголеми македонци, ако се земе во предвид овој критериум, се политичарите.
10.Ајвар-туршија-кисела зелка.