Басна (во транзиција)…

Day 1,402, 15:14 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkAngelMKD

Во долунаведенава басна на еден многу сликовит начин е опишана ситуацијата во нашава мала државичка 😁)).....и тоа е стварно за жалење 😒

Си живеела еднаш една мравка која секој ден рано сабајле прва одела на работа. Цел ден мравката била весела и работејќи си пеела песнички. Била среќна додека работела и имала одлични резултати во работата. Но, таа работела без ничии наредби бидејќи немала шеф. Затоа стршенот, како директор на фирмата, решил да ја вработи бубамарата која имала големо искуство со раководењето.

Првата задача на бубамарата била да го организира доаѓањето и одењето на мравката на/од работа. Затоа направила систем на документи за доаѓање и одење. Поради зголемениот обем на работа во фирмата, вработиле пајак како секретарка за подготвување на извештаите.

Пајакот веднаш смислил систем за архивирање на документите и станал одговорен за телефонските повици. Во меѓувреме, среќната мравка само си работела, работела и работела. Стршенот директор бил воодушевен од извештаите кои ги добивал од бубамарата и побарал дополнителни наоди со графикони, детали и анализи на трендовите на развој. Затоа, поради зголемен обем на работа станало нужно да се вработи и хрчакот (на македонски било исправно: ‘РЧКО! Ви се верува?) како помошник на директорот на кој веднаш му купиле компјутер и печатач.
Набрзо среќната и весела мравка почнала да се жали заради целата таа хартиена војска со која морала да се бори.
Директорот веднаш сфатил дека мора итно да се реагира. Создал ново работно место на шеф на служба со задача да ја контролира среќната и вредна мравка. Како шеф на службата го вработил штурецот кој веднаш по доаѓањето го заменил целиот мебел во својата канцеларија и на барање добил ергономски обликувана фотеља и нов компјутер со ЛЦД монитор.

Бидејќи бројот на компјутерите пораснал морале да се купи и нов мрежен сервер. Штурецот, како шеф на службата, увидел дека итно му е потребен помошник (кој всушност е неговиот помошник од поранешната фирма) за подготовка на стратешки нацрт за управување и пресметка на службата.

Во меѓувреме мравката станувала се понесреќна и помалку продуктивна.
Шефот штурец воодушевено заклучил дека мора да нарача истражување за расположението и задоволството на вработените во фирмата. Кога директорот стршен ги видел бројките од кои сфатил дека фирмата во која работела среќната и весела мравка, не е профитабилна како порано, длабоко се замислил. Веднаш го најмил најелитниот советодавец, господинот був, на кој му рекол да направи целосна дијагностика на фирмата и да даде совети за зголемување на профитабилноста. Господинот був по три месеци детално анализирање на односите во фирмата подготвил извештај во кој пишувало дека во фирмата има премногу вработени.


Директорот стршен веднаш ја прифатил стручната анализа и ја отпуштил мравката.