What has changed in here these past 2 years

Day 2,691, 13:41 Published in North Macedonia USA by Stef40

Ете си проверив емаил, гледам диктатори нешто срања убациле и си викам дај да видам што има ново во играва.

2 години поминаа откога не ја играм еРеп, прекинав некаде после падот на American Freedom Alliance и обидот да се преземе политички Америка, кој што сепак беше осуден на пропаст уште на почетокот 🙂 . Имаше кандидатури за ЦП, 2 пати бев и конгресмен, воглавно убаво поминав. Оној Ејџеј изгледа уште се труди да стане претседател.. да де, коа ке влеземе во ЕУ.

По неколку пати се бев пуштил но само да видам со кој војува Македонија, и одма Ctrl+W. Сега вака ми текна да разгледам малку повеќе со алијанси, ова она.

(Момци, у мое време со Србија не смееше да има ни К од караници а не ова срање сеа 😃)

2 години подоцна, а интересно беше што кога и да видам на играва стално некои попусти има за голд, за тренинг центри не знам што, што ми дава знак дека не се сменила и дека е сеуште ? pay-per-јачиш ? Единствено нешто што не се сменило е Полска и нејзините 10 ресурси хаха. Додале и нови ранкови, Титан, а што е ова ако го поминеш ти дава Легенди на еРеп. Кои легенди бе, мислиш најголеми „парофрлачи“ ? 😛

Мислам дека во играва сеуште се нема вратено онаа страст кога Македонија се простираше на три континенти на чело со диктаторот Струме. Со нетрпение се чекаа нападите на Египет, Италија, грција, Саудиска Арабија, Нафташите итн. Па кога се супортаа востанија од нас против нас. Земав асален компјутер за востанија, 1 година откога престанав да ја играм. Патем за тие што сеуште не знаат, ДА, имаше скрипта 😁)))

Од мене толку, го изгубив жарот за играва откога ја направија промената некој што фрла пари на злато да се јача дневно 3-4 пати повеќе од мене. А верувајте, станував и во 5 саат сабајле да фаќам востанија, а што е најинтересно и не бев единствен во тоа.

(за крај да изедам нешто што најверојатно не би требало 😃 )
не му верувајте на иван.ск, превара невидена е уште од времето на Алфа + ЕБР тимот кога бевме, тенкови ретко кога гледавме, а кога влезе во власта од мед само теглата ја гледавме и тоа од 156 метри.

Позз
Stef40

ЕЕ, гласајте го Сантино утре, бара HD торент од Брзи и Бесни 7, на денот кога испадна во киното 😃

(статијава е напишена во најпријателски фазон, не сакам да навредам никого)