Don Tas or Demigod...

Day 1,383, 09:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Eagean

Драги мои сегашни и идни читател/и-ки,во оваа статија ке направам анализа на изборните програми на двата најсериозни кандидати за претседатели Don Tas i Demigod,несакам многу да должам и затоа ќе почнам веднаш.

ЕКОНОМИЈА
Дон Тас предлага максимално намалување на даноците на плата и на ДДВ за одреден временски период бидејки на дневна база во трезорот се собираат повеќе средства отколку што е дозволено преку донации да се префрла во народна банка,така што тие пари остануваат заглавени и нефункционални.Демигод исто така има интересни предлози во областа на економијата.Ќе издвојам еден предлог кој мене лично многу ми се допадна а тоа е даноците на увоз да бидат ставени на 99%.Искрено се извинувам заради штурата анализа во овој сектор.Сепак сум иден правник и економијата не е моја силна страна🙂

ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Дон Тас бара формирање на Национална Академија во која би членувале искусни играчи како Шиме,Хобан,Лазароса,Мудаш,Аексил кој би го советувале идниот претседател во врска со важни прашања кои се од круцијални значење за иднината и опстанокот на Македонија.Се надевам дека и Демигод доколку победи би се потрудил да ја реализира оваа идеја.
Е сега,и двајцата кандидати се залагаат за формирање на резервен армиски состав.Демигод има амбициозна идеја играчите со 0-1000 сила би работателе во фирми на газди кој би волонтирале да ги вработат.Газдите би давале минималец од 1 мкд,но би биле обврзани да ги вооружуваат со 5 тенка дневно.Од моја лична гледна точка ова е тешко изводливо бидејќи:
1.Постојат многу измамници кои нередовно или воопшто нема да ги даваат тие 5 тенка на работниците кои претежно ќе бидат млади и неискусни играчи
2.Земете за пример:200 работодавци кои вработуваат 1000 луѓе,како Демигод ќе успее покрај сите обврски како претседател да се осигура дека ќе нема нерегуларности и искористување на толку млади играчи?
Дон Тас пак нуди една поедноставна верзија т.е поделба на играчите со 1000,2000,3000 и повеќе сила на 3 различни канали,каде што би им се делело ресурси според силата и можностите на државата.Но што ако ваквата поделба биде само римејк верзија на поделбата на армискиот канал,јас лично во 4 месеца игра добив дури 3 тенка од државата.

НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Искрено сум разочаран од тоа што имаат да го понудат и двајцата кандидати во оваа област.Очекувам некој конечно да завземе јасен став за прашањето Шпанија-Турција и конкретно да се заложи за прием на Турција во ОНЕ.Знам дека никој не сакаме да ги расипеме односите со Шпанија,сепак на свои плеќи ги држат Франција и Америка и спречуваат нивен продор на Балкнанот,но индеферентниот став на нашите власти почнива сериозно да ги иритира турците.Предлагам местото MOFA да им биде предложено на PhoenixMK i MedsLeinad,личности кои се најдоброто нешто што македонската дипломатија може да го понуди.

ОБРАЗОВАНИЕ
Крајно време функцијата министер за информирање да ја превземе сериозна личност која редовно ќе пишува туторијали.Играва секојдневно трпи многу промени,не смеат новите играчи да талкаат повеќе во темнница.

Најискрено се трудев да ги искажам своите мислења најнеутрално и се надевам дека не навредив никој.Им посакувам се најубаво и на двајцата кандидати

Бидете сложни,ваш Eagean