[WaRlOr] Кандидатура за Претседател

Day 1,656, 05:18 Published in North Macedonia North Macedonia by WaRlOR







Здраво Македонијо!

Ви се обраќам како официјален кандидат за Претседател на еМакедонија поддржан од МРДЉС.
Со добар дел од вас се знам и во РЛ и сметам дека не треба поконкретно да ви се претставувам 🙂

За оние со кои сеуште не сум стигнал да ги запознаам ќе кажам на кратко дека не сум дете и наредниов месец доколку бидам избран за CP, таа функција ке ја извршувам со посветеност и дека нема да ве разочарам.

Организација и тим:

Планирам еден добар дел од тимовите по Министерствата да останат исти со дополнителни засилувања. Последниве три мандати особено добро функционираа: MoFa тиомот и тимот од Министерство за Информации.
Исто така во актуелниов мандат на El Che поради поголемата бројност и MoD тимот си ја вршеше работата на едно завидно ниво.
Во моментов течат преговори со сите активни членови по Министерствата и со сите кои во минатото помагале или сакаат во иднина да помагаат. Дефинитивната листа на Министри и тимови ќе биде објавена ден пред изборите.
Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во работата на Министерствата може да ми се обратат.

Надворешна политика

Македонија е ONE - ONE е Македонија
Веројатно никогаш до сега мапата на Европа не била толку шарена 🙂
Сојузот се наоѓа во една исклучително комплицирана ситуација и сметам дека взаемната помош помеѓу членките е од пресудно значење.
Распоредот на силите во моментов мислам дека не дозволува екскурзии од типот 10/10 ресурси. Ние заедно со Бугарија го држиме јужниот фронт на Алијансата и во моментов не гледам начин и причина истото да се смени.
Во тој дел би сакал да го слушнам и гласот на сите вас преку актуелната анкета на Министерството за Надворешни http://tiny.cc/5by9ew

Рефунд систем

Изминатиов период имавме оптимален број на удари (2-3 по потреба) и беше активна Фалангата и Војводите речиси секојдневно. Планирам да го задржам тој тренд.
Единствено нешто што не штима е осетното намалување на резервите во НБРМ. Затоа во соработка со идниот Министер за финансии планирам да изнајдам оддржлив рефунд систем. Тоа нема да значи намалување на рефундот за единиците или скратување на поделбите.

Стигнуваме до нашите "еБебиња" кои морам да признаам дека станаа предучилишни деца🙂. Се почесто гледам играчи со 2к сила како активно следат наредби и пукаат во важни битки милјонски суми.
Во тој дел во план е повторна активација на Министерството за Здравство кое преку поделби ќе се грижи за тие играчи.

И за крај на моево воведно излагање сакам да истакнам дека репер за моето идно Претседалствување, доколку бидам избран, ке биде актуелниов мандат на El Che бидејќи сметам дека имаше успешен мандат.
И сметам дека силата на еМакедонија е во сите нас заедно како целина!

Да живее Македонија!