[sarmetina] Ни треба војна !!!

Day 1,821, 06:44 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina
[sarmetina] Ни треба војна !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-2156875/1/20



Повод да напишам статија по повеќе месеци е актуелната економска состојба. Иако не сум од оние играчи кои киснат цел ден на играва, она што може да се забележи од пазарот на оружје (бидејќи оној за храна е целосно рикнат) си имаме сериозни проблеми со малата портошувачка а големото производство.
Можеби причина за тоа е општата заситеност од игарва или пак можебинекој друг фактор, но секој кој продава оружје па и ресурси за него си има големи проблеми со продажбата. Производите стојат на маркет по неколку дена, тешко се продаваат а цените одат надолу.
Проблем си има дури и Плато кој и по 10 акции не може да му ја качи цената на златото (за што секако не се буниме)
Се пушти уште еден попуст за надградба на фирми, но надвор од економската логика, цената на ресурсите не порасна.
Според она што можам да го видам, мислам дека ни е потребна пооглема поторошувачка на оружје, а за тоа, секако ни треба војна. Читав многу шаути, каде се повикува на војна со Грција. Оние кои повеќе следат нека прокоментираат што мислат за ова, дали имаме капацитет да војуваме со циганите на долг рок и колку од тоа ќе имаме ќар на крајот ако се земе предвид дека не треба да губиме од ресурсите со кои сега располагаме
Од друга страна, ако се разгледа мапата, не знам кои би ни биле другите опции. Останатите територии се окупиррани од наши сојузници или пак се под власт на држави кои се прилично силни и со кои ќе ни биде тешко да излеземе на крај. Можеби треба да се размисли за договор, некоја од сојузничките држави да ни направи пат или да ни изрента територија за да можеме да ја ставиме во погон, војската која без голем интерес се бори во војните на некои држави од Јужна Америка.
Затоа велам дека оние кои ја кројат воената стратегија треба добро да размислат како ќе одиме понатаму, бидејќи воената стагнација ни ја цеди економијата. Факт е дека ни треба зголемена потрошувачка, која во време на релативно ефтино злато, треба да ни овозможи добра заработка.
Ефтиното злато и целата ситуација на монетарниот пазар е само уште еден доказ, дека во целиот еСвет тешко се продава, најголемите воени сили воопшто не војуваат на своја територијаи затоа, тенковите корозираат во нашите складови.
Заклучок од се е дека на еМакедонија и е потребна војна. Нема да си дозволам да кажувам со кого би војувале бидејќи не сум доволно упатен, но упатените текстов би требало да го сфатат како повик за нова стратегија, а сите останати како повод за развивање на една интересна дебата.

[sarmetina] Ни треба војна !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-2156875/1/20