Зошто на #podelba не се дели на Mакедонци???

Day 1,514, 18:54 Published in North Macedonia North Macedonia by WaRlOR
Вечерва државата ми даде 200 тенка за делење исклучиво на Mакедонци. Кон таа донација се придружи и Kanopy кој даде 200 свои тенкови па решив и јас од мене да дадам 400 тенкови за да поделиме и да се обидеме да добиеме некоја рунда во востанието во Западна Македонија.

Од неодамна почнавме со проверка на странците на кои им давам тенкови па си реков ајде и нашите да ги провериме кој колку пука. Заинтересираноста беше огромна, каналот веднаш се наполни со играчи кои оставаа линкови за да добијат по 5 тенка. Имаше толку многу линкови што повремено моравме да го ставаме каналот на +м за да можеме да постигнеме кај сите. Да ги тргнеме на страна сите пцовки и гнасни муабети што ги добивме на ПМ бидејќи не ни е прв пат да делиме и веќе сме отрпнати, најбитниот дел од муабетов дојде кога проверивме кој колку испукал. Нема да ги пишувам тука бидејќи статијава ќе ми биде премногу долга но ви гарантирам дека повеќе од 30% беа со 0 удари а некои 10% со по 2-3 удари колку да ги видиме во битката дека пукаат.

Во план сум да направам уште една ваква акција и ако се покаже иста како оваа тогаш дефинитивно ќе ви ги покажам сите тука и #podelba ќе биде вечно затворена за Mакедонци!!!

Ако сака некој да ја прошири веста:

Зошто на #podelba не се дели на Mакедонци???
http://www.erepublik.com/en/article/-podelba-m--1944871/1/20