[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(5) - Тетово

Day 1,474, 14:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar II Makedonski
Тетово е град во северозападна Македонија.


1.Историја:
Словенското колонизирано население загосподарило со најважните места во рамницата, давајќи и ново, словенско име Подлог, веројатно со значење под гора, (под планина). Тогаш тие разурнале многу тврдини и населби. Но, од V век Византија повторно го контролирала ова подрачје, ги укрепила најважните разурнати тврдини и во нив држела постојана војничка посада. Во времето на цар Самуил, Полог бил во составот на неговата држава. По пропаѓањето на Самуиловото царство, во Полошката Котлина како градски населби се спомнувале Полог и Лешок (Леш'к, Лешек). Арапскиот научник Идризи, кој, како географ и патописец, го посетил овој крај околу средината на XII век, поточно во 1153 година, во својот опис за патот од Охрид, преку Скопје, за долината на реката Струма, го спомнува и градот Полог. Тој, во својот патопис, вели: Од Охрид два дена се патува по тежок пат до градот Полог, сместен меѓу два рида, а покрај него минува реката Вардар. Од Полог до Скопје патувањето трае само еден ден. За градот Полог подоцна, во 15 век, пишувал и Барлети, кој, исто така, Полог го идентификувал со Тетово. Меѓутоа, во науката има спротивставени мислења за местоположбата на средновековниот град Полог. Едни автори овој полошки град го лоцираат кај Тетово, други кај Градиште (денешното село Градец), а трети кај селото Милетино. Археолошките наоди покажуваат дека градот Полог, што се спомнува во XII век, се наоѓал кај Градиште (Градец). Ако се има предвид дека средновековните градови Хтјтово (Тетово) и Бахјица (Гостивар) тогаш биле селски населби, сосема убедлива е втората варијанта - дека градот Полог бил лоциран кај Градиште (Градец). На грчки јазик, Полог бил споменуван во формата “Пологос”. Некои научници се на мислење дека во XI и XII век не постоел град Полог, туку само област. Инаку Полог, (од бо-лог), според едни автори бил спомнуван со значење божја гора, (рај божји), кое толкување, пред се, од прекрасната местоположба на градот и на котлината, (Полог). Според други автори, полог значи горска падина, (подножје, подгорје или загорје). Со зборот полог, старите Словени означувале долина, (ниско место, рамница), заградена од сите страни со височини, (ридови или планини). Кога Х'т'тово (Тетово), било село, во Долни Полог, (до крајот на XII век) егзистирал средновековниот град Л'ш'к, кој во тоа време бил главен духовен, културен и економски центар во Полошката Котлина. Овој средновековен град, меѓутоа, во текот на 1189 година, по навлегувањето на српската војска во овој крај, на чело со кнезот Стефан Немања, како пограничен град на Византија бил опустошен и разурнат. Тогаш бил разурнат и градот Полог, како и некои други населени места во северна Македонија. Според едно предание, во пошироката околина на денешното селото Лешок, во доцното средновековно време, егзистирал градот Леген-град, (Легенград). Овој средновековен град го споменува и Кирил Пејчиновиќ во својот опис за манастирот “Св. Анастасиј”, (во Лешок). Меѓутоа, кога овој полошки крај потпаднал под турска власт, кон крајот на XIV век, (1352), со колонизирањето на муслиманското население во котлината на Полог во XV и XVI век, Легенград престанал да егзистира. Тогаш колонизираните опустошиле и разурнале 7-8 христијански цркви во градот, како и стариот манастир и тврдината околу него. Тетово, како населено место, првпат се споменува во пишаните документ во XII век, и тоа под името Х'т'тово, но тоа не значи дека населбата не била основана порано. Најстар населен простор во Х'т'тово (Тетово) било местото околу црквата “Св. Богородица”, на излезот на реката Пена од Планината Шар. За учеството на тетовскиот крај во ослободителната борба,во времето кога Внатрешната Македонска Револуционерна Организација развива широката дејност во Македонија,нема некои посебни пишани документи. Се знае дека населението во Полог, според условите зело активно учество како во подготовките на Илинденското востание,така и во акциите по неговото задушување. Во Тетово,бил формиран Местен комитет на ВМРО,кој работел не само на идејното воспитување, туку и на физичкото подготвување на народот за вооружена акција. Тие подготовки ги опфаќале сите способни мажи од градот и селата. Еден дел од оние што биле подготвувани за ракување со оружје,подоцна биле префрлувани во четите што се формирале на подрачјето на Кичевско. Сето ова се спроведувало мошне тајно,зашто турската власт на ова подрачје била многу добро организирана и имала поддршка од муслиманското население. Посебна улога месната организација на ВМРО одиграла во снабдувањето на востаниците со оружје, особено со пушки, кои биле изработувани од прочуените тетовски мајстори - пушкари (туфекчии). Во овој период во Тетово се изработувале манлихерови пушки - берданки и прочуените тетовски мартинки. За ова имало посебна работилница на реката Пена, а изработката на пушките била организирана преку доверливи луѓе. Меѓу другите,за изведување на оваа акција биле задолжени и Ристо Костов - Сичан и Сане Ристов - Гуле, кои организирале тајни канали за пренос и ѝ предавање на пушките во определените места во Кичевско. Најпрвин пушките се префрлувани во село Блаце, кое се наоѓа во подножјето на Сува Гора, каде имало подземна скривница во куќата на Костадин Велковски. Таму пушките се криеле,а потоа со коњи и магариња - најчесто товарени со грнци,а меѓу нив пушки и муниција - се носеле преку планинските премини во Кичевско. Месната организација на ВМРО во Тетово, исто така, организирала тајна аптека која четите ги снабдувала со лекови и санитетски материјал. По задушувањето на Илинденското востание некои вооружени чети во овој крај ја продолжиле акцијата уште извесен период. Такви чети, главно дејствувале во шумските предели и имале постојани контакти со четите во Поречјето и Кичевско. Се знае за четата што дејствувала на Сува Гора и ѝ била предводена од Софре Ѓорѓиевски од село Радиовце, кој собрал поголема група комити од македонските села од подножјето на Сува Гора и продолжил да се бори уште цели две години,се додека не бил изненаден од турските заптии и фатен ноќе на спиење во една колиба во шумите на Сува Гора. Потоа бил осуден на сто и една година робија,од кои издржал само три, зашто поради амнестијата и зачестените протести и барања на македонското население од овој крај, турските власти го ослободиле. Четата на Софре Ѓорѓиевски, преку летото војувала, а зимно време зимувала растурена во селата Стенче, Волковија, Челопек, Лешница и Блаце, каде имала сигурни засолништа. По задушувањето на востанието биле преземани и други репресалии од страна на турските власти. Така на пример,мзатворени се и други лица од Тетово, како што е случајот со Милан Младенов, Трпе Алтиколач, поп Диме Саров и Томе Смилковски. Милан Младенов и Трпе Алтиколач, исто така биле осудени на сто и една година робија, и тоа првиот во тврдината Дијар Бекир во Мала Азија, и вториот во областа Фезан, длабоко во Либиската пустина, во Северна Африка. Другите биле осудени на повеќе години затвор и спроведени во Куршумли ан во Скопје.

2.Население:
Последниот попис за населението во Тетово е направен во 2002 година. Според него во Тетово има 52.915 жители.

3.Туристички места:


Црква „Св. Киррил и Методиј“


црквата "Света Богородица"


Тетовско кале


Арабати баба


Лешочки манастир


Попова шапка

4.Познати личности:
1771 - 1845, Кирил Пејчиновиќ
1909 - 2004, Тодор Скаловски
1919 - 1944, Ѓоце Стојчевски – Амбарче
1920 - 1944, Тодор Циповски - Мерџан

5.еТетовчани:
Benito Amilcare M
darkan7
KocoskiMKD
VittaX
Tet0ec
Ivffan
mac3donia
warriorMKD
BojanTheFourth
ЈАВЕТЕ СЕ ВОЈВОДИ
(пишете ако знаете некој)

И не заборавајте : ТЕТОВО Е МАКЕДОНСКИ ГРАД !!!