Претседателско обраќање - Време е за нова војна [MKDMKDMKD8]

Day 5,257, 01:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро Македонски народе,

После подолго време решив да напишам статија од народен весник, а причината за отсуството се бановите кои што се случија пред околу една година. Играта згасна и како што беше и очекувано, КОД ја превзема диригентската палка. Но, работите почнаа да се менуваат со последните промени и воведувањето на горивото, па затоа решив да Ви се обратам преку весник и да видам како стоиме со активност.



На економски план сме доста тапа. Сите залихи се потрошени, а новите приходи се минимални. Ресурсите ни се засега нестабилни, меѓутоа се прават планови за повторно враќање на 100% оружје и храна во Источна Македонија. Овој потег, како и претходно, ќе не чини тренинг војни, па затоа треба да избереме внимателно помеѓу 2 тренинг војни или 100% ресурси за храна и оружје. Напишете ваше мислење во коментар, за да имаме увид колку фирми се останати во тој регион.



На воен план сме уште полоши и од економскиот со оглед на тоа дека после бановите речиси не ни остана ниедна Легенда 20, а и тие што останаа изгубија интерес за играње. Во последно време зачестија војните, па доколку некој сака да биде поактивен, може да влезе на каналот на телеграм.

Пролет е време за екскурзии, а Владо вика дека во Тајланд си прошол топ, па затоа денес пуштивме закон за воздушен удар над Тајланд. Војната е од рекреационен карактер, па затоа не ги трошете залихите до крај и оставете некоја тегла ајвар за натака. Фокус ќе бидат Д4 и Воздушната битка, а на државен ѕид ќе се даваат тенкови и пари за направена штета.
Доколку има Македонци кои произведуваат оружје и сакаат да го продадат по пониска цена од пазарната поради војната, нека напишат количина и цена во коментар.

Линк до телеграм каналот на еМакедонија
https://t.me/+Ve_YHW7GI7cShOoj



Засега толку, се гледаме утре на бојно поле.
Претседател на еМакедонија
MKDMKDMKD8



PS. Поздрав до Тајланд