[MНР Македонија] Полска, Албанија, Франција

Day 1,762, 14:23 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани Македонци,

После некое време повторно излегуваме со статија од МНР весникот. Целта на оваа статија е пред се политичко-дипломатска.


Полска - Aquitaine

Полска во моментов има отворено НЕ кон Франција и има уште 2 региона каде што можат да мавнат. За да го изгубат НЕ Полска мора да го нападне и Aquitaine. Веќе е разговарано со нив и е договорено да се врати регионот повторно на Македонија. И таму, како и кај има проблеми со враќањето на регионот поради 2 кликери. Не придавајте преголемо значење доколку треба да се мавне за Франција во тоа востание.

НАПОМЕНА: Доколку се поправи багот уште утре во истиот момент Македонија ќе ја постави Франција за природен непријател и ќе се обиде да го земе регионот Aquitaine

Оставете на дипломатија да ги реши проблемите со Полска.

НАП со Албанија

Не заборавајте, утре е денот кога треба Southeastern Albania да се врати на Албанците. Ве замолувам, мавајте на друго место и друга битка.

НЕ СЕ БОРЕТЕ ВО ТОА RW!


Договорот со еФранција

Согласно договорот направен со Франција, регионот Corsica им го враќаме. Ве молиме да не се борите за нас во тоа востание, или пак да пукате за Франција!

НЕ СЕ БОРЕТЕ НИ ВО ТОА RW!


Околу проблемите кои настанаа вечерва во Saxony

Повеќе македонски играчи вечерва без размислување се бореа на погрешната страна на востанието во Saxony. Не е прв пат Македонците да реагираат импулсивно и својот гнев да го покажат на военото поле борејќи се против нашите сојузници. Тоа само дејствува лошо на заедничките односи, како и минатиот пат. Вашите непромислени постапки можат да уништат се што сме граделе заедно за да ги обновиме односите! На дипломатско ниво се одвиваат активни преговори и со Полска и со Шпанија, и затоа, ве замолуваме за смиреност и трпение, тие немаат никаква намера да не попречат во добивањето на 10/10 ресурси. Тие имаа шанса да го направат тоа, но покажаа дека тоа не им е опција. Ве молиме да ја разберете деликатноста на оваа ситуација, и во моменти кога најмногу ни треба помош од нив, и воена и дипломатска, да не ги влошувате односите поради непромисленост.

SAXONY не се враќа! НЕ ПУКАЈТЕ ТАМУ!



Со почит,
МНР Македонија
DarkoDimovski1 и PrincessEmily