[MНР Македонија] Конкурс за Амбасадори

Day 1,757, 16:51 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво Македонијо,

Министерството за Надворешни Работи распишува конкурс за Амбасадори во сите еЗемји.

Амбасадорите ќе имаат задача да:

-ја претставуваат еМакедонија објавувајќи артикли во таа земја, се со цел запознавање на нашата земја и зближување на двата народа.

-подобрување на односите меѓу двете земји (контакти со нивните влади и доставување на листа од нашата влада, контакти со нивни играчи, да бидат присутни на нивниот чат)

-да го инфомираат Министерството за Надворешни Работи за случувања во таа земјата, да го знаат ставот на земјата и на народот

Амбасадорите ќе треба да пополнуваат формулари и кратки извештаи, кои подоцна ќе се обработуваат од специјална комисија на МНР и ќе се носи одлука за нашата политика кон секоја земја и ќе се гради национална стратегија од највисок приоритет.

Со таа цел, секој кој што има за план да биде Амбасадор во некоја земја пред се треба да работи напорно на поле запознавање и пред се зближување со таа земја. Ќе треба редовно да пишува артикли во тие земји со цел да се запознае тамошната популација со еМакедонија.

Секој кој што сака да се пријави да биде Амбасадор ќе треба да ме исконтактира преку ингаме порака: http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4325928

Мандатите на новите амбасадори ќе траат 2 месци, освен ако амбасадорот не поднесе оставка или не е разрешен.

Конкурсот трае 48 часа од објавувањето.
Официјален ИРЦ канал: #AmbasadoriMK

Амбасадори:
Велика Британија - Ivan.sk и MakedonecMKD
Црна Гора - Boban Panovski



Со должна почит,
Министер за Надворешни Работи
DarkoDimovski1