[MНР Македонија] Натпревар на алијансите

Day 1,741, 22:42 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани сонародници

Изминатиов период се случија повеќе пресврти во дипломатијата во е-светот. Натпреварот кој го организираа креаторите на играта, кој навидум беше креиран да ги продлабочи јазовите помеѓу непријателските е-држави, на почетокот го постигна сосема спротивниот ефект. Имено, беше постигната пластична соработка која ја прифатија повеќето земји од е-светот, со една заедничка цел: победа на натпреварот, а истовремено и симболична победа на е-општеството како водечка маса на играта. Темелите беа поставени, но откако беа објавени и следните услови, идејата за заедничка соработка без разлика на минатото, беше речиси невозможна.

Затоа, се пристапи кон создавање на нов сојуз за потребите на натпреварот. На состанокот одржан за таа цел, а на кој присуствуваа мнозинство од државите со кои имаме МПП, се дискутираше подолго време и по разгледување на повеќе идеи, беше решено новата алијанса, секако неформална, да се нарекува Friendship Over Everything (FOE). Името јасно кажува дека истата е базирана на пријателство помеѓу е-земјите, и е сочинета од пријателски земји, веќе наши докажани пријатели и сојузници.

Нешто што беше невообичаено и неочекувано беше создавањето на 4FUN, алијанса за која преговорите се чувале во строга тајност се до објавувањето на резултатите. За истата, ние како најблиски сојузници и пријатели на некои од членките, не бевме известени и тоа го сметаме за намерен пропуст кон нашата е-држава. Сепак, сеќавајќи се на минатите моменти со нашите сојузници и безусловната поддршка, како и недостигот на потврда дека истата ќе биде валидна и по завршувањето на натпреварот, го оставаме ова прашање отворено.

Секоја е-земја имаше слободно право на избор од кој сојуз ќе биде дел. По распадот на ОНЕ, секоја од земјите тргна по свој пат, но сепак, пријателството и меѓусебната соработка останаа. Friendship Over Everything е единство составено од наши блиски пријатели, еден неофицијален круг со чии членки сме споделувале многу моменти. Иако оваа алијанса беше создадена за потребите на натпреварот, а секако, секое учество во натпревар е со цел победа, сепак ние ниту за момент не ја сменивме одлуката да останеме со нашите пријатели, кои иако послаби, знаат да ценат вистински вредности. Наградата, која патем речено е безвредна, не ни значи ни најмалку, и секако не е ни приближно доволна причина да не втурне во сојуз на интереси заедно со еСАД и еБразил, наши непријатели. Секогаш во најблискиот круг сме имале земји со кои односот и поврзаноста сме ги засновале на пријателство и почит, а не на меѓусебна корист, и истите биле главните норми по кои еМакедонија се водела отсекогаш, и од кои секако нема да се откаже поради еден натпревар.



Со почит,
МНР Македонија