Претседателска Кандидатура[Grand Admiral Kristijan]

Day 1,746, 14:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Grand Admiral Kristijan

Добро вечер почитувани.
Ја пишувам оваа статија со цел да ја објавам мојата кандитатура на претстојниве претседателски избори во земјата. Ерепублик играм активно уште од кога ја почнав играта пред година и 6 месеци и за таа активност можат да посведочат членовите на сите влади каде што сум бил член дали како министер дали како еден од советниците како и членовите на мојата единица ДБК.Сигурно многу се прашувате зошто се кандидирам за претседател.Одговорот е едноставен.Сметам дека можам да продолжам со успешно водење на нашата држава со помош на искуството кое го стекнав во текот на сите тие мандати од кои имало и успешни и не до толку успешни.Во текот на сите овие мандати учев и од добрите работи и од грешките на сите овие влади.Исто така спремен сум да се посветам максимално на својата задача како претседател на државата

1.Надворешна Политика
Со самиот распад на ОНЕ ние ја продолживме нашата соработка со бившите членки на оне.ВО текот на мојот мандат ветувам дека ке сториме се што е возможно да ја прошириме соработката со некои блиски сојузници како и обиди да се дојде до нови сојузници.Исто така би сакал да потенцирам дека сум за продолжување на НАП от со грција на уште еден месец со причина да се средат внатрешните односи поврзани со формирањето на државната армија.

2.Државна армија
Во последно време се се погласни гласовите поврзани со формирањето на државната армија.Јас ова прашање би го решил зимајки ги во предвид сите статии вклучувајки ја и таа на воих.Сакам овој случај да се реши со дијалог и дебата а не со мегусебно плукање во весниците и по шаути. Поради тоа ги повикувам сите луге кои сакаат да се нафатат со раководење на државната армија како и формирање да повелат да се приклучат во тимот и сите заедно да ја оствариме оваа цел.

3.Ресурси
Причината зошто го ставам ова како точка е што ја следам полемиката по шаути поврзана околу бројот на ресурси што ги има Македонија.Додека трае внатрешната реорганизација на единици и државната армија сметам дека е лошо да си зимаме походи кон проширување после тоа ако е можно според ситуацијата сосема е возможно и натамошно територијално проширување

4.Финансии
Во сферата на финансии можам комотно да го ветам следново.Извештаи и водење на целосна евиденција поврзана со трошењето на државните пари.Нема да се остави ништо на случајноста.

5.Тим
МОД: Prokopie aminta lord of life Prilep4an4e dimzaaa franccc pukniumri Girl from macedonia
МОФА DarkoDimovski1 и BucephalusIII
МЗЕ:Lazarosamkd,Boban Mitrovski,buli11,Grand admiral Kristijan и macedoniastrumica
Здраство: Kate N mkd hero и sLobodaNNNmk
Министерство за информирање:Zlatko Kaskarevski и Wendy power

Би сакал да наведам и тука дека јавно ги повикувам сите играчи кои сакаат да помогнат на државата да пишат порака кај мене и да се приклучат кон владата.За секое прашање сугестија или критика би можеле да ми пишете на профилот или па повелете на #kancelarijaCP кој ке биде јавниот канал на владата.Да продолжиме сите заедно кон нови победи и нови успеси на нашата држава.

Со почит
Grand Admiral Kristijan