Кандидатура за Претседател на Конгрес [Grand Admiral Kristijan]

Day 1,498, 08:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Grand Admiral Kristijan

Поздрав еМакедонијо

Дојде време и јас да ја објавам мојата кандидатура за Претседател на Конгресот. Накратко ќе објаснам што планирам да воведам во Конгресот и на кој начин ќе функционира. Па да почнеме

Доколку ја добијам подршката од мнозинството конгресмени прво што ќе направам ќе биде гласањето околу наплаќање на државјанствата. Ова ќе го направам поради тоа што граѓаните остро се спротивставија на оваа одлука на конгресот па и јас тргнувајќи пред се како граѓанин мислам дека оваа идеа не е функционална и треба да биде укината. Искрено се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за оваа идеа и ќе постапиме правилно за доброто на сите граѓани на еМакедонија, сепак да не заборавиме дека граѓаните ни ја дадоа подршката и со помош на нивните гласови ние станавме конгресмени.

Втора работа што ќе ја направам е да изберам членови и претседатели на комисиите. Ова ќе биде со предлози од страна на конгресмените и тој конгресмен што ќе добие најмногу глсови ќе биде назначен за Претседател на комисија, а останатите врз основа на гласовите кој ќе ги добијат ќе бидат именувани за членови.

Доколку го добијам Претседателскиот мандат во Конгресот се надевам дека ќе имаме одлична комуникација и координација. Ќе работиме за доброто на граѓаните на еМакедонија и нема да донесуваме погрешни одлуки. Затоа размислете добро за кого ќе гласате и дајте го гласот за правиот конгресмен.

Искрено ваш
Grand Admiral Kristijan