Што сè крие гробницата кај Амфиполис?

Day 2,487, 06:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Viktor Makedon

Најголемата античка гробница во Грција за која се верува дека датира од времето на Александар Македонски повторно ги изненади археолозите.


Двете каријатиди (скулптура со форма на жена, која во архитектурата се користи како столб) викендов се откриени во гробот кај Амфиполис, северна Грција.

Според соопштението од грчкото министерство за култура лицето на западната каријатида е во добра состојба, додека она на источната недостига. Нивната позиција е симболично поставена со цел да се спречи влегување во гробницата и е користена иста техника како кај сфингите кои беа пронајдени за време на претходните ископувања.

Експертите веруваат дека гробницата која е оддалечена околу 100 километри од Солун, била изградена во периодот помеѓу 300 и 325 година п.н.е за роднина или пак висок офицер на Александар Велики.



-Структурата на вториот влез со каријатидите е мошне важно откритие, што го потврдува ставот дека станува збор за споменик од големо историско значење, велат од министерството за култура.

Археолошките наоди открија дека ова е најголемата античка гробница откриена во Грција, но знаците на насилно влегување покажуваат дека истата веќе одамна била ограбена. Неодамна беше забележано дека постои отвор во мермерниот ѕид кој води кон една или повеќе внатрешни простории, што сугерира дека некој претходно влегол во гробницата.





При ископувањата кои беа направени минатиот месец археолозите открија две сфинги кои го чуваат главниот влез на гробницата.

Тогаш главниот археолог, Катерина Перистери, изјави дека истражувањето на местото ќе предизвика голем интерес кај меѓународната јавност поради неговата глобална важност.




СТАВЕТЕ ПО ЕДЕН КОМЕНТАР СЕГА 🙂