[МНР еМакедонија] Новости од EDEN

Day 1,575, 10:04 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани,

Со доагањето на новиот тим кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи доагаат и нови промени во функционирањето на ова министерство. Во оваа статија ќе пишувам за самитот на EDEN од 8-ми март, референдумот за излегување од EDEN во Бугарија и за изборот на новиот SC на EDEN.

Самитот на EDEN

На 8-ми март истовремено со состанокотот во врвот на ONE беше одржан и самит на EDEN земјите. Инаку овој самит беше прв по претседателските избори кои беа одржани на 5-ти март и беше одржан само два дена пред референдумот на кој Бугарскиот народ одлучуваше за својата иднина во или надвор од EDEN. Овие самити со одржуваат во најголема тајност и е многу тешко по нивното завршување да се дознае што всушност се зборувало на нив, но еден од членовите на MoFA тимот овој месец - Andrej.M дојде до логот и го пушти во јавност: http://pastebin.com/8j8frYWY
На овој самит се разговараше за враќање на полноправното членство на Бугарија во EDEN и за враќање на Trial статусот на Турција кои беа одземени на претходниот самит на EDEN. На овој самит претседателот на Бугарија Absfresh се заложи да лобира за членство на Турција во GEA доколку Турција им отстапи два важни оригинални ресурсни региони на Иран кои се моментално под контрола на Турција. На овој самит на Бугарија и јасно беше ставено до знаење дека EDEN нема лесно да се откаже од Турција и дека кога-тогаш ќе мора Бугарија да направи компромис со Турција. Претседателот Absfresh а водно и Бугарија беа нападните од некои претседатели на земјите членки на EDEN и дел од раководството на EDEN дека го продаваат “братството” за ресурси. На барање на Бугарија на овој самит на EDEN беше изгласана интерпелацијата на Oles, досегашниот SC на EDEN. Зад него на гласањето застана само Украина.
Според мене, сите одлуки од самитот на EDEN кои беа позитивни за Бугарија беа донесени само со цел да се влијае на одлуката од Бугарскиот референдум.

Референдумот во Бугарија

Од 10 до 12 март беше одржан референдумот на кој народот на Бугарија се изјасни за тоа дали сака да остане во EDEN. Самиот текст на референдумот (пред референдумското прашање) беше поставен со цел да се изманипулараат гласачите во насока на останување во EDEN што дава сомнителност за регуларноста на рефендумот. Денеска беа објавени и резултатите од референдумот според 58.56% од гласачите се изјасниле за останување на Бугарија во EDEN. Иако, не е постигнат минимумот од 66% од гласовите да бидат позитивни за да биде усвоена одлуката од референдумот, сепак конгресот на Бугарија ке се води по волјата на граѓаните во наредниот период. Значи, одлуката на овој референдум е од советодавен карактер. Овој референдум ни ја покажа правата слика во поделеноста на народот во Бугарија по ова прашање и ни гарантира нови интересни моменти од овој внатрешен конфликт во EDEN за во иднина.

EDEN со нов SC

По интерпелацијата на Oles беше одржан уште еден состанок на EDEN (од кој за жал немам лог) на кој беше донесен изборот на нов SC на EDEN. Според информациите што ги добив во разговорите со некои членови на MoFA тимовите од EDEN земјите за нов SC на EDEN е избран TTi. TTi верувам како за мене така и за вас е потполен анонимус и што се крие зад ваквиот избор на EDEN се уште не знам. Според моите претпоставки изборот SC на EDEN да биде Финец е најверојатно за да се смири незадеволството кое Финска го има во последниот период кон EDEN.



Автор на статијата: Andrej.M
MoFA тим: Andrej.M, PhoenixMK, BucephalusIII, Voix of Macedonia, AlexSkopje и Strumjanin