[Boban_M] ПРВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ

Day 3,305, 12:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


НА 11 ДЕКЕМВРИ !!!

Извинете тоа беше за друга кампања 

Прв ден како претседател и каков ден! Какво огнено крштевање !

Благодарам на сите што се вклучија во денешнава војна. На сите што пукаа безрезервно, што ги искористија последните пари за ЦЦ, како и на сите сојузници. Им покажавме на јужниве дека не се влага така лесно во Македонија!

Некој на пијанка се јавува на бившата, јас се кандидирам за Претседател. Не знам што е полошо ама ќе сумираме после 30 дена 

Најпрвин им благодарам на сите што излегоа на гласање и што освоивме 63 пратеници. Не дека имавте каков избор ама јеби га, кај нас и во РЛ многу пати не се гласа ЗА некој, туку против некој друг (намиг намиг како Претседателот ни Хорхе) 

И благодарам на Бесната Лејди за поддршката и целиот нејзин тим. Последните неколку месеци си ја тераа работата одлично и се надевам дека во овој мандат нема нешто да сјебам драстично (Дали РЛ обврски дали кафани посебно сега пред нова година, но како и да е, нема да биде намерно)

Иако сум старо магаре ама веќе ме примија како младо курле во нивната масонска групна порака на Вибер и нивната помош, мрежа на контакти и координација со останатите сојузници е најбитна.

Како дополнување на тимот ќе бидат Феликс и Ел че Г. Секој друг што има идеја или слободно време за да се вклучи во тимот е добредојден.

Пари, злато, крадење и такви срања не ме интересираат. За овие 6 години имам направено и потрошено огромни ресурси така да овие пари што се во НБРМ се ваши и ќе се трудам да се трошат ефикасно и во време и место кога навистина е потребно.
Мислам дека бев прв во оваа наша заедница кој има дадено детални извештаи за секој потрошен денар од НБРМ, во време кога 10 златца вредеа многу 
Еве линк на една од тие статии:

https://www.erepublik.com/en/article/-1-1899697/1/20

Најбитно нешто од овие пиксели е што преку играва запознав многу убави луѓе. Со некои од нив денеска сме најдобри другари, кумови, одлични пријатели.

Нешто што се памти:



Ќе пробам од постарите играчи да извадам некого од нафталин ако не за друго бар за забава 😉

НА 11 ДЕКЕМВРИ !!!(ма дааај гони се у тииит)

Да сте ми живи и здрави сите!
Со почит,
Бобан Митровски

П.С. Се надевам дека жена ми нема да дознае дека сум станал ЦП, ќе има спиење на тераса.