Дали и Bие?

Day 1,584, 02:11 Published in North Macedonia North Macedonia by smexor1

1.Дали и Вие, го уклучувате компјутерот со нога? Со палецот од ногата?

2.Дали и Вие, кога сте биле деца преку зима се спуштавте по стрмните лизгалишта со најлонски вреќи?

3.Дали и Вие, кога сте биле деца имавте од зимските ракавици само со палец?

4.Дали и Вие, го oблизнувате капачето од јoгуртот?

5.Дали и Вас, ве чешало челото од капата?

6.Дали и Вие, кога бевте деца, носевте леб од продавница до дома, и тоа пола изеден?

7.Дали и Вие, кога бевте малечки дечиња си правевте шатори во собата, од столчиња и ќебиња?

8.Дали и Вие, како деца се провлекувавте во јорганскиот чаршав?

9.Дали и Вие, оставате алишта на стол кога ве мрзи да ги закачите во ормар?

10.Дали и Вие, со мобилниот го осветлувате патот до креветот кога навечер одите на спиење и го изгасите светлото?

11.Дали и Вие по десет пати ги читате убавите и пријатни СМС пораки?

12.Дали и Вие носите часовник на рака поради шема, а кога ќе ве прашаат колку е часот, сепак погледнувате на мобилниот?

13.Дали и Вие, кога сте во ВЦ од досада ги читате етикетите на шампоните и останатите тоалетни средства, и тоа прво на македонски па после и на другите јазици?

14.Дали и Вие, како деца, додека се бањавте во када си правевте фризури од пената?

15.Дали и Вие, седејќи на часот по математика, сте размислувале дали некогаш во животот ќе ви притребаат синус и косинус?

16.Дали и Вие си го снимавте вашиот глас на касетофонска лента, и после го преслушувавте со чудење како гласот ви е грозен и не личи на Вашиот?

17.Дали и вие како мали за време на тестови се заградувавте од сите страни за другите да не препишуваат од вас?

18.Дали и вие одржувате соло концерт под туш?

19.Дали и вие како мали сте го затварале полека фрижидерот само да видите кога ќе се изгаси сијаличката во него?

20.Дали и вие како мали сте ги ваделе малите налепници од бананите, портокалите и сте ги лепеле на чело?

21.Дали и вие кога разговарате на телефон со мајка ви, а сте заедно со друштвото тие дофрлуваат: фрли ја цигарата, дај ми го пивото... и дома сте јаделе ќотек заради тоа?

22.Дали и вие сте се обиделе со стрелката од маусот да избркате мува од мониторот?

23.Дали и вие имавте формула на педали?

24.Дали и вие како помали со чиниите возевте формула?

25.Дали и вие кога бевте мали пробувавте да се фатите за оградата од терасата, но бидејќи не можевте да докачите се поткревавте со помош на столица?

26.Дали и вие како мали сте мижеле за време на љубовна сцена на филм?

27.Дали и вие како мали кога игравте Супер Марио на нинтендо го подигавте џоистикот и мислевте дека така Марио повисоко ќе скокне?

28.Дали и вие додека ја читате статијава го држите маусот и се потпирате на вашиот лев лакт?

29.Дали и вие мразите кога при голема нужда задникот ќе ви биде испрскан од падот на изметот во водата?

30.Дали и вие кога сте во WC прво се гледате во огледало и после 10 минути одите на шоља?

31.Дали и вие како мали го обожававте мирисот на свежото мелено кафе??

32.Дали и вие поминавте безброј неспиени ноќи само за да ја спасите принцезата на Марио Броз?

33.Дали и вие кога бевте мали го отворавте прозорот на бензиска станица бидејќи бензинот ви мириса убаво?

34.Дали и вие како мали на улица со рацете правевте „пиштоли‘‘ и си игравте Крадци и Полицајци?

35.Дали и вие како мали земавте од кујната што ви дојде при рака и изведувавте дека сте готвачи/готвачки?

36.Дали и вие како мали па дури и сега гумата за џвакање ја сметате за најдобар кусур?

37.Дали и вие како мали во кадата се учевте да „пливате‘‘ во водата како да сте на езеро/море?

38.Дали и вас мајка ви кога матела шлаг за торта на крај ви ги давала перките од миксерот да ги лижете?

39.Дали и вие кога сте биле мали сте ѕвонеле на вратите од комшиите и сте бегале?

40.Дали и вие купувавте смоки со играчки само заради играчката иако знаевте дека смоките внатре се гадни?

41.Дали и Вие играте секој ден Erepublik?

42.Дали и Вие се смешкате, додека ги читате овие прашања и одговори, и се препознавте себеси?