Престиж Ловец измена [ЕДИТ 30ти Март]

Day 3,416, 07:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
[ЕДИТ 30ти Март]
Неофицијално добив информација дека овој медал (Престиж ловец) нема да биде само неделава за настанот, туку ќе остане и понатаму да биде како редовен медал (како БХ, СХ, ЦХ и слично). Значи, би требало да може да се земе и било која наредна недела освен оваа..




Ќе ви преведам накратко од последниот апдејт..

На прв поглед ми изгледа дека променија награди, и за тие што планирате да го бркате медалот и престиж поените, мислам дека ќе вреди.

Како што можевте да видите, денеска еРепублик серверот беше недостапен, додека во тек беше епска битка во Д4.

Поради ова, Админите ги враќаат сите бустери и забрзувачи што биле активни во текот на таа битка, листата на играчи и искористени бустери може да ја видите тука


Утре исто така, сите играчи кои што се логирале ДЕНЕС, ќе добијат 4 (четири) Престиж бустери ( +1 престиж поен, во траење од 5 минути) кој ќе може да го најдете во вашиот склад. Овие бустери истекуваат пред крајот на неделниот предизвик ( Ден 3,422 23:30 еРеп време).

[ЕДИТ]
Првично напишав вака:

Награди после 40 илјади Престиж Поени во моментов не се достапни, но Админите ги акумулираат овие награди од нормалниот Неделен Предизвик (по 20 чоколади на секои наредни 1 илјада престиж поени), и напоменуваат дека само неколку играчи ја поминале таа цел од 40 илјади престиж поени.

Потоа неколку играчи укажаа дека награди после 40 илјади воопшто НЕМА да има, текстот од Админите е нејасен за мене, па пишавме порака за да се разјасни.
Најверојатно сакаат да кажат дека награди после 40 илјади Престиж Поени нема да има, со образложување дека на претходните слични вакви настани, многу мал број на играчи го поминале предизвикот, и изгледа наместо тоа, ќе ги даваат само наградите во злато за топ 100.
~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

Со оглед на тоа дека ова не е вообичаениот Неделен Предизвик, Админите ќе воведат и додатни награди за најголемите тенкаши!

Топ 100 ловците на Престиж Поени ќе се натпреваруваат и за дополнителни награди, кои изгледаат вака:

Ранк место со кое го завршиле предизвикот | Награда во злато
(освоени престиж поени)




Тоа е углавно, на Вас останува да одлучите дали вреди да се борите за ова 🙂


о7