Околу парите во НБРМ [Северус][Измена 14:40 еРеп време]

Day 4,101, 11:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
За измената скролајте најдоле во статијата!


Поздрав Македонци,

пошто очигледно според коментариве ептен ја тупам околу парите во НБРМ





еве ќе напишам статија со детални објаснувања и мислења, кога вие не пишите (да објасневте човечки досеа се ќе беше во ред).

Ве молам детално да ја прочитате.


~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~


Да почнеме хронолошки, денот е 14ти Ноември 2018 (ако добро израчунав) - ден 4,010 во еРепублик, значи пред 91 ден од денес.

Се започна од овој закон (барем тогаш приметив, пошо бев 2-клик): https://www.erepublik.com/en/main/law/Greece/213281

кога Грците не нападнаа во Индија со Воздушен Напад. Беше тешка војна, со многу тенкање и испразнета банка на Македонија потрошено за Комбат Ордерс. Оправдано, никој ништо не рече.

Се навраќам на чатови што сум пишувал, и од доверливи извори со мои луѓе, на 21 Ноември касата имала околу 1 милион денари, ама постојано се празнеше поради долгови за позајмени пари (не е кажано од кого и колку пари се позајмени). Уште тогаш имаше прашања на државен ѕид за состојбата на НБРМ, се сеќавам Даркман прашуваше, ама јас не се заинтересирав затоа што знаев дека се враќаат долгови, и имав доверба во Владата.

На 27ми Ноември 2018 година (еРепублик ден 4,023) Админите ја исклучуваат опцијата Комбат Ордерс (значи од овој датум, салдото на НБРМ треба да се накачува експоненцијално)

Одиме понатаму, на 6ти Декември 2018 година, Владата (тогашниот надлежен за рефундот ГоодБеер известува дека државата нема пари за исплата на редовниот авио рефунд.



Во исто време отварам државна администрација и гледам дека за таа недела се пуштени дури 8 закони за донација (тоа се 3 милиони и 200 илјади денари).



Ова повторно ме заинтересира, па прашав пак. Ми рекоа дека сеуште се исплаќале долговите од војната со Грција, и таа донација била последна за завршување со враќање долгови, така да од 7ми Декември треба да почне да се собираат чисти пари за државата во Банката.

Повторно оставив на доверба, дојде Нова Година, Празници ова она, па одвреме-навреме ја пратев состојбата, а НБРМ со недели не мрдаше од 4.3 милиони денари.

На 29ти Јануари повторно почнав да се распрашувам, и почнаа да не се совпаѓаат коцките. Тогаш дознавам, а се надевам и вие кога обелоденив, дека во некојси период во месец Јануари веројатно, се купиле 10 илјади тенкови по цена од 93 денари, и дека (не знам колку месеци) се финансирала авио единицата МАФ со одредена сума.

Кратко после тоа, и моите барања за отчет кога допреа до пошироката јавност, наместо Владата, командирот на авио единицата МАФ објави колку биле финансирани, и општи скриншоти за плаќањето штета во авио битката со Турција.

Веќе 8ми ден е откако Конгресот застана на страна на правдата и секоја донација до НБРМ е блокирана се додека не се добие отчет. Секоја чест за конгресот!!

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~


Е сега, да ви ја претставам статистиката, со податоците што располагаме:


Благодарениe на Админите, од денеска можеме да го видиме приливот за последните 60 дена (фала што ме слушнавте Админи), и тоа многу, многу помага во прецизно пресметување на вкупниот прилив на парите (се совпаѓа со моите претходни проценки, ама еве ви конкретни бројки од самата игра):




Како што можеме да видиме од сликава, во пресметката се земени предвид само фактичките приходи на Македонија и расходите за градови (во оваа пресметка не се рачунати НИТУ ЕДЕН прилив од окупирани земји).

Бројката доаѓа на фрапантни 10,242,182 денари чист приход (со вратен данок на сите окупирани земји) САМО ЗА ПОСЛЕДНИТЕ 60 ДЕНА (а во нашиот случај станува збор за повеќе од 67 денови).

Чисто за илустрација, ако се собере апсолутно вкупниот приход на Македонија за последните 60 дена (земени предвид сите ставки), добиваме сума од 13,824,582 денари.

Значи во НБРМ досега требаше да има над 10.2 милиони денари, а моментално има 3,325,144 во трезор, и 1,686,441 денари во Банка, за вкупен износ од 5,011,585 денари. Во овие проценки има разлика од дури 5,230,597 денари, скоро удвоен износ од она што го имаме сега.

Инаку од ден 4,010, денот кога Грците го пуштија нивниот закон за Воздушен Напад на Македонија, до денешен ден пуштени и изгласани се 45 закони за донација (секој слободно нека отвори државна Администрација, ден 4,010 доаѓа на 9та страна), со вкупна сума од 18 милиони денари.



Епа драги мои, се надевам сеуште не мислите дека сум лошиот во приказнава, или правам нешто од инат, само сакам да се дознае вистината, затоа што ова повеќе од очигледно, не е во ред. Да се разбереме, никаде и никогаш во овој период не сум обвинил никого дека краде, иако бев нарекуван секакви имиња од одредени личности, и јавно ме правеа идиот, еве ви ја статијава па објаснувајте се.

Предизвикувам слободно кој има релевантни податоци да ме демантира, и со тоа објасни каде и на што се трошеле државни пари.


Со почит,
Северус Снејп





ИЗМЕНА 14:40 ЕРЕП ВРЕМЕ 11 ФЕВРУАРИ 2019



По брзата реакција на статијава, во соработка со Претседателот, ви ги обелоденувам следните трошоци кои не беа евидентирани (или недостапни за јавноста, де факто и во мојата евиденција):

*Да напоменам дека во претходната моја евиденција беа врачунати и вратените пари од преостанатите тенкови како вкупни приходи, што значи неевидентираната сума се намалува; нема да ја изменам во горниот текст, затоа што во овој дел ќе ви претставам нови бројки

- 6 закони за Објавување на Војна, по 150 илјади = 900,000 денари
- рефунд на авио единицата МАФ за 4 седмици = 524,445 денари
- исплатен КО за авио битка против Турција = 1,725,000 денари
- купени тенкови за поделба 390,000 денари
- пратено пари на Mc Lui за државен авио рефунд = 615,000 денари
*поделени 304,500 денари заклучно со 21.01.2019; останати 310,500 кај истиот акаунт за следен рефунд
- исплата на КО за помош на Романија од 9ти Јануари 2019 = 1 милион денари
- плаќање рента на Индонезија = 80,000 денари



Не било толку тешко значи.. нели 🙂

Благодарам на брзата реакција на Претседателот, и на сите оние кои искажаа поддршка за обелоденување на податоциве. Се надевам не се разбравме погрешно.

Со оглед на исходов, симболично пуштам закон за донација во НБРМ и замолувам конгресмените да го гласаат со ДА.

Фала многу, и пријатно

о7