Вицотека

Day 4,518, 03:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

Здраво дечки,

За мала забава и по некоја шала во ова време невреме не е на одмет.
Уживајте и седете дома!

Виц 1:

Прслук

Трпе излегол на прв состанок со некоја девојка и таа му вели:
– Не носам прслук.
– И ја не носам паричник кога немам пари…



Виц 2:

После оперативниот зафат на една згодна русокоса, докторот и врши контрола.
– Докторе што мислите, како сум?
– Одлично, супер закрепнувате.
– Докторе, а ќе можам да продолжам со нормален сексуален живот?
Докторот се замислува.
– Па…
– Леле, знаев дека нешто не е во ред…
– Се е во ред г-ѓо, само никој не ми го поставил вакво прашање после операција на крајници!


Виц 3:

2023 година.
– Трпана кај е маж ти, не сум го видела 3 години?
– Ене го дома, го лажам дека вирусот не е поминат да не оди по кафани.