[МНР Македонија] Светска војна!

Day 3,656, 04:48 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав Македонски народе,

еве денеска како што гледате, конечно се отплетка клопчето од она што ви го зборев пред недела време во Диктаторската статија.

Сакам да се заблагодарам уште еднаш на сите за докажаната доверба и поддршка на Диктатурата, единствена цел беше ова. Утре одиме во бој!



Јавна тајна беше дека сите земји се чуваа и спремаа за роденденот, и за војни од епски размери. Се почна со Бугарските неконтролирани закони за Природен Непријател на Турција, од кои еден се изгласа, и со тоа Колин и Албанија се вмешаа на неколку дена. Бугарија отпосле продолжи со иницијативата на Турција, на што следеше реакција од Чиле, Аргентина, Турција, Јужнија и Ирска.

Пуштени беа 5 закони за Воздушни Напади во Индија, од кои само 3 се изгласаа (Турција паметно го одби нивниот, а Јужните залудно потрошија цела резерва на АС), затоа што ние навремено реагиравме, и покрај 5те милиони цц потрошени за КО против нас, успеавме да ја избришеме Индија и да ги откажеме турскиот и јужниот воздушен напад.

И покрај напорите да се собори барем Чилеанскиот Воздушен Напад (понатаму во текстот ВН), за жал не успеавме.



Сето ова дојде како шлаг на тортата, затоа што ние веќе имавме и наши планови.

Па, затоа утринава се пуштија следниве закони:

МАКЕДОНИЈА
Закон за Природен Непријател на Аргентина (среќа имавме, нашата Диктаторка беше за 2 секунди побрза од 40 члениот Конгрес на Аргентинците)

Закон за Воздушен Напад на Уругвај (ова е пуштено затоа што не може да пуштиме ВН на земја со која имаме граница - Аргентина)

СРБИЈА
Закон за Воздушен Напад на Чиле

РОМАНИЈА
Закон за Воздушен Напад на Јужните

ПОЛСКА
Закон за Воздушен Напад на Турција

ШПАНИЈА
Закон за Природен Непријател на Парагвај

ПОРТУГАЛИЈА
Закон за Природен Непријател на Бразил

СЛОВЕНИЈА
Закон за Воздушен Напад на Кипар

ПЕРУ
Закон за Воздушен Напад на Ирска

ИРАН
Закон за Природен Непријател на Аргентина



Се надевам добро се опремивте за овој роденден кој сам по себе има одлични награди од Админите. Утре почнува нова ера во еРепублик, и нова Светска Војна каква не сме виделе многу одамна.. Можеби од лани, кога нам ни пуштија 4 ВН во Индија, и ги одбранивме.

Утре е и Црн Петок, така да би требало да има одлични понуди со попусти.

УТРЕ САБАЈЛЕ СИТЕ СПРЕМНИ СО ФФ И ЧОКОЛАДИ И ОДИМЕ НА ПОБЕДА!!!

ЗА МАКЕДОНИЈА!



Со почит,
Северус Снејп,
МНР тим еМакедонија