Кандидатура за Претседател [Северус Снејп]

Day 3,364, 12:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Здраво живо народе,

Гледам во последно време стана пракса да не се пишуваат никакви статии, едноставно клише е да се пишуваат кандидатури изгледа, ама ако.. да ја прекршам јас лошата навика 😛

Најавувам дека се кандидирам за функција Претседател на еМакедонија, со надеж дека и четврти пат ќе ја водам нашата земја. Пактот за Ненапаѓање со јужните соседи истекува набрзо, ама тоа нема да биде во фокус на мојот мандат.
Нормално ќе се работи на продолжување на истиот пакт, а и сигурен сум дека истите сами ќе бараат да го продолжат затоа што во моментов едноставно не се во можност да војуваат со нас.

Мојот план за следниот месец ќе биде проширување на спектарот на ресурси на нашата земја. Имам некои замисли околу тоа каде да се бараат и каде да се најдат, што ќе биде тема на дискусија со мојата Влада (и бившата Влада нормално), и со вас активните секако, на Дискорд или преку обраќања.
Со тоа би имале и плус уште една војна (тренинг војна), додатно на оваа на Индија (што и не се брои според мене), и мислам дека можеме и треба да го издржиме тоа..

Во трезорот веќе имаме нешто над милион денари (1 милион претходно беа употребени за да се дигне превентивна Диктатура кај нас, затоа што имаше вистинска опасност од насилна Диктатура од страна на Хрватите, кои кога не успеаа кај нас, благодарение на брзата реакција на нашиот Претседател НЕНОДС, удрија на Бугарите.)

Значи, имаме средства, имаме моќ да се справиме со некои просечни и/или подпросечни земји, а со тоа и да имаме повеќе ресурси, што реално го заслужуваме.

Да резимираме, планот ми е:

1. Нови ресурси
2. Продолжување на НАПот со јужните соседи


Во последен период добивам барања и идеи за креирање на мобилна група за Д4, евентуално на Вибер како за пример, за навремени наредби, идеи, и најважно од се, дружење. Ова е од есенцијална важност гледајќи дека активноста стагнира. Предлог ќе ми е активните Д4 играчи ако сакаат, да се вклучат во таква групна порака.

Тимот сеуште не ми е дефиниран, така да кој сака да помогне на било каков начин, е добредојден. Место и работа има за секого 🙂

Тоа би било се засега, Ви благодарам за вниманието, со среќа на останатите кандидати.

Со почит,
Северус Снејп