Предлог-План ( полетарец )

Day 2,731, 09:57 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Почитувани соиграчи,


Ви се обраќам на сите Македонски играчи без разлика на државјанство, статус на власт-опозиција, војска или обични цивили.

На повидок е добро организирана акција во која како што гледам активно учество земаат буквално сите.БРАВО!
Кога сме единствени тогаш не постои предизвик кој може да не одврати од курсот по кој се движиме.
Извесно е дека заедно со братска Бугарија ќе издејствуваме ослободување на сите региони окупирани од јужниве. Тоа ни дава можност да се вратиме во една жестока војна(МК и БГ заедно) од која може да произлезе малку бериќет и за нас.
Целта треба да ни биде јасна-СЛОБОДНИ ТЕРИТОРИИ

Зошто е од голема важност да имаме слободни територии?



Погледнете само колку малку пари собира државата од даноци.
Тоа е затоа што 80% од целокупниот прилив на средства завршуваат во касата на јужниве (одтаму и даноците ни се спуштени на минимални 1% се со цел да не ги полниме грциве)


Кога ни се слободни сите територии тогаш сите пари завршуваат кај нас во каса.

Затоа драги мои го предлагам следново:

-Уште денес да се поднесе закон за подигнување на даноците на 20%
-Да не се иде со закон ПН додека не се изгласа законот за данок и додека не се ослободат сите региони на Бугарија.

Доколку вака се постапи тогаш би ги замолил СИТЕ играчи со македоснко државјанство да се воздржат од негативни критики кон високиот данок.
Едноставно СИТЕ да го сфатиме тоа како НУЖНО средство за мал придонес кон нашата заедница која доооолго време се наоѓа во исклучително лоша финансиска состојба.Впрочем на овој начин би било најфер кон СИТЕ нас во поглед на донациите кои беа организирани од неколку играчи претходно, и мислам дека на овој начин ќе се направи превентива од можен раздор помеѓу нас самите.(во смисол кој дал повеќе кој помалку,кој воопшто не дал)



Напред Македонијо !