За Македонија се работи, ама К_у_р_нази колку сакаш

Day 2,575, 13:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Goran FILIP VI Makedonski

Денес имав можност цел ден да преседам пред лаптоп и да се позанимава малку повеќе со играва од вообичаеното. Не дека сега ќе кажам нешто што не го знаеме, ама ќе кажам, барем да не ми стои мене.
Викаат договор куќа гради, па така беше и денес, претседателот организираше и ние летнавме, почитувајќи ги наредбите според договоренот и оп!!! се случи чудо, од три наши битки, едната ја добивме (ја ослободивме Западна), другата сигурно ќе ја добиеме (десантов на Канада во Англија), а пак во Повардарие почнавме да даваме поголем отпор, иако мислам дека нема да ја добиеме таа војна. Значи можело, како во старите добри времиња, кога Струмјанин успеа да организира и да оствари завидни резултати како претседател, па тогаш ние ги држевме Грците во повеќемесечно ропство, постарите знаат за што зборувам.
Во вакви моменти, кај нас почнуваат да ни работат црви во газот и почнуваме самите да си се јадеме и веднаш ќе се најдат барем десетина курнази, што ќе почнат да продаваат урда, за бурек со сирење, па се почнува со тролање, со инаетење, со пукање надвор од планот и секогаш, ама секогаш како и во реалниот живот, правиме од готово вересија, така било во војни порано, така е и денес и во политиката и во спортот, пример освоеното 4-то место на европското во кошарка, сите знаеме што се случи после, да не прераскажувам прикаски.
Главното прашање е до кога вака ??? Веројатно правилниот одговор е се додека има Македонци, се дотогаш ќе има и кавги, но јас сепак се надевам дека ова ќе запре тука и сега. Да најдеме сила во себе и да престанеме да се расправаме, да се ослободиме од егото, затоа што тоа не ни носи добро.
На крај на овој краток текст, ќе ви порачам една работа, не гледајте во раската на окото на другиот, туку погледнете во своите очи, таму сигурно ќе најдете нешто што не треба да биде таму, па тоа и исчистете го, ако ништ друго, ќе имате појасен поглед.

Не сум пискарало, ама очекувам дека ќе ми дадете 25 коментари, за да можам да ја фатам мисијава ... и вака и така, златото ќе го искористам за доброто на сите овде.
п.с. Тролањето е добредојдено, во секој случај.
За крај, понеделник е убав ден за се и сешто, па еве ви мој мал придонес на
прашањето што да правите вечерва ....
http://zazabava.com/od-zadnik-vo-cicki
https://komitamkd.wordpress.com/page/9/