ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНИЈО [Претседател]

Day 3,248, 07:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден мои Македонци !

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДЕНОВ!
Нека ни е честит и вечен 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ.

Во 1941 година нашиот народ кренал востание против фашистичкиот окупатор. Нашите три партизански одреди и тогаш биле малобројни, но тоа не ги спречило во нивната цел.
Прилепскиот партизански одред составен од само 16 војници, ги нападнале фашистите во Прилепската полиција, во затворот и ги прекинале телефонските врски и електричната енергија во градот.
Кумановскиот (Козјачки) партизански одред и Карадачкиот партизански одред биле разбиени во првите судири со фашистичката војска.
Нивните организирани акции немале голем резултат тогаш, меѓутоа ја претставуваат иницијативата и будењето на македонскиот народ.



И ние во ерепублик катадневно водиме војни. Неуморно, од инает, за слава…
Јасно им дадовме до знаење на сите дека не сакаат да ја имаат Македонија за непријател. Дури и на јужниве веќе им е јасно 😃

Доцнам со статијава 4 дена. За тие 4 дена успеавме да преземеме иницијатива, да си ги вратиме оригиналните региони и до денеска да ги оставиме на 1 регион.
Пари нема, на 0 сме. МоДот позајмил пари првиот ден кога станав ЦП, тогаш кога успеавме да ја преземеме иницијативата. Додека не се раздолжиме и не собереме 500к минимум во буџет, не трошам пари.
Сакав да спонзорирам профили за пакови ама со моменталнава ситуација тоа е невозможно.

НАП: Почнавме некакви разговори ама на почеток сме. Ситуацијата е сложена, не сме сами, ги имаме Астерија, Франција и Куба со нас. Ќе биде малку посложено да најдеме златна средина за сите страни да бидат задоволни. Како и да е кажав дека мандатов го посветувам на НАП и ќе го скоцкаме макар ништо друго не постигнала.

За тие што бараат МПП со Кина: Нема да има додека не ја прекинат војната со Јужна Кореа, која ни е долгогодишен сојузник. Северус работи на случајот.

Ве молам следете ги моите шаути, најдовме заменик МоД така да би требало од сега да има и секојдневни наредби во МзО весникот.





Толку сега за сега

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕЕ РЕВОЛУЦИЈАТА !


Ваша Лејди