[МНР МАКЕДОНИЈА] Последно обраќање

Day 1,859, 03:41 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Македонци и Македонки

Во претходниот договор со Србија требаше овој месец Македонија да ги добие Италијанските регии но претседателката на Србија не замоли да се продолжи овој договор до наредните избори и да оставиме наредните влади да одлучат што понатаму со Италијанските регии.

Договорот е следен:

-Македонија ги остава Италијанските регии на Србија до 8.1.2013

-Србија е должна да помага на Македонија во држење на Јужните под окупација и да помага во понатамошните походи на Македонија.

-Србија без никаков проблем ќе одобрува државјанства на сите наши граѓани кои имаат фирми за производство на храна и оружје.

Овој договор е валиден до 8.1.2013 и оставаме на наредните влади да одлучат поинаку


Како главен Министер за надворешни работи давам оставка и истата беше испратена и до нашата претседателка.

За крај би сакал да им се заблагодарам на сите помошници и соработници во МНР за времето и трудот кое го посветивте за Македонија и се надевам дека ќе останат и ќе работат со истото темпо и за новиот Министер за Надворешни работи.



Со почит
Адмирал Тренч

За шаут:
[МНР МАКЕДОНИЈА] Последно обраќање
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2180047/1/20